Книгите ме одбираат мене, а не јас нив

Моја библиотека: Ана Зафирова

 

Ана Зафирова ја знаеме како долгогодишен новинар и радио и ТВ водител, но она што дефинитивно најмногу ќе остане запаметено, барем кај жителите на Скопје, е емисијата „Врти Сучи тоа ти е Скопје“ – една урбана, неформална емисија во која се свртеа сите градски ликови :).

Покрај новинарството, многуте ангажмани на различни полиња, Ана секогаш наоѓа време за читање на квалитетна литература… Покрај тоа, како што вели, во последно време „хит“ и е собирање на различни готвачи, од кој „реликвија“ ѝ е „Титовиот готвач“.

 

Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

Сите книги досега ми биле патоказ бидејќи тие ме одбирале, а не јас нив. Ако се изостави онаа детска литература која можеби е стожерна во градењето на љубовта кон книжевноста, јас до денес останав заведена од принцот („Малиот принц“), галебот („Галебот Џонатан Ливингстон“), Родион Романович Раскољников („Злосторство и казна“), др. Џекил и господин Хајд, Леоне Глембај, 43 Кукуличани на Славко Јаневски од „Тврдоглави“, кои тежнеат да го уништат демонот во  себе….

 

Кој лик од книга ти бил ноќна мора?

Атмосферата во Маркесовата новела „На полковникот нема кој да му пишува“ јасно ја паметам бидејќи чекањето и пасивноста на полковникот долго ме прогонуваа.

 

Која сцена/ситуација/опис од книга те оставил(a) без здив или те наежила?

Славенка Дракулиќ „Тело на нејзиното тело, приказни за добрината“. Затоа што се приказни за битката за сопствениот живот и за добрините на дарителите кои без никаков надомест некому, на сосема непозната личност и го подаруваат својот орган, бубрегот. Ме измести добродетелта, бидејќи возвишената цел е причина за цврста одлука и во моменти кога бубрегот е единственото нешто што останува од оној за кого живеат само спомените… и се разбира бубрегот во ново тело.

 

Која е последната книга што не можеше да ја оставиш (која, на пример, те остави без сон) додека не ја прочиташ до крај?

Сега ја препрочитувам поезијата на Игор Исаковски. Во моментов „Блуз говорница“.

 

Кој наслов од Арс Либрис го сакаш во твојата библиотека?

„Quo Vadis“ од Сјенкевич.

 

 

Анегдота

Со другарка ми Весела требаше да полагаме јужнословенска книжевност 20 век кај проф. Науме Радически. Неколкуте примероци на „Киклоп“ од Ранко Маринковиќ кои постоеа во библиотеките низ Скопје беа издадени, во книжарниците не постоеше и ние немаше начин како да дојдеме до книгата. Чичко Молац најде луѓе во сабота навечер да ни ја отворат Универзитетска библиотека и да ни го донесе дома изданието. Кога видовме со Весела дека станува збор за книга со повеќе од 500 страници сфативме дека ќе мора наизменично да читаме и да си прераскажуваме за да можеме тој вторник да полагаме. И од брдото автори кои ги опфаќаше тој предмет, нас баш ни се падна тема за писмен испит творештвото на Ранко Маринковиќ преку „Киклоп“ и „Глорија“.

во последно време, на Ана „реликвија“ ѝ е „Титовиот готвач“

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s