На 30 декември 2014, во Бугати бистро во Скопје Сити Мол и во новогодишна атмосфера, ја одржавме промоцијата на романот за деца „Што сонуваше Дедо Мраз“ на Билјана С. Црвенковска.
Романот е првенче на Црвенковска во рамките на овој жанр, а го означи и почетокот на нашиот бренд за детска литература Либи :). Промотор на романот беше доц. д-р Владимир Мартиновски.