Извадок: ЈАВАЧ НА КИТОВИ од Вити Ихимаера

Излеговме од автопатот и се упативме кон патот за Вангара. Беше толку темно што морав да ги вклучам фаровите до максимум. Го погледнав осветлениот облак. Имав некое чудно чувство дека неговиот центар е точно над селото. Почувствував наплив на страв и ми олесни кога Вангара ни беше во видик.

Вангара со сигурност е едно од најубавите места на светот, како гнездо на рибарче кое плови на водата во лето. Ете ја, со црквата на почетокот и молитвениот дом на крај, исцртана пред немирното море. Ете го и Пакеа, нашиот вечен чувар, секогаш на штрек против секој што сака да ги повреди неговите потомци. Гледано од оваа перспектива, селото беше слика на нормалност со оглед на настаните што претстоеја.

Стигнавме пред куќата.

„Каху, помогни му на Коро да ги внесе торбите внатре“, реков јас. „А потоа ќе ве однесам тебе и тато дома. Добро?“

Каху кимна. Таа го прегрна Коро и повтори: „Сè е во ред, пака. Сè ќе биде во ред“.

Таа ја зеде малата патна торба и ја однесе на верандата. Сите излеговме од карванот и се упативме кон неа кога, одеднаш, ветрот стивна.

Никогаш нема да го заборавам лицето на Каху во тој момент. Таа зјапаше кон морето како да гледа во минатото. Тоа беше поглед на смиреност, на прифаќање. Сите се свртевме да видиме каде гледа Каху.

Површината на морето беше светлозелена кон темносина и делумно виолетова. Осветлениот облак стоеше на едно место над хоризонтот.

Одеднаш се слушна тап татнеж од под водата, како некоја џиновска капија да се отворила пред илјада години. Под облаците, површината на морето сјаеше како златен прав. Потоа, сини молњи почнаа да излетуваат од морето како проектили. Ми се причини како да видов нешто да прелета низ воздухот кон средината на селото.

Темна сенка почна да се издигнува од длабочината. Потоа уште една сенка почна да се издигнува. Одеднаш првата сенка ја проби површината и јас видов дека тоа е кит. Левијатан. Се издигнуваше од длабочините. И како што доаѓаше, воздухот беше исполнет со молњи и прекрасна песна.

whale-rider

Коро тажно крикна бидејќи овој не беше обичен ѕвер, не беше обичен кит. Овој кит дојде од минатото. Како што се приближуваше, тој го исполни воздухот со својата песна.

Каранга маи, каранга маи,

каранга маи.

И неговите придружници почнаа да ја пробиваат површината и го придржуваа неговиот повик со божествена музика.

Бурата конечно ја ослободи својата свирепост и сила врз земјата. Морето беше полно со китови, а на чело беше нивниот излузнет водач.

Каранга маи, каранга маи,

каранга маи.

Китот на главата го имаше светиот знак. Сјајна тетоважа која ја пренесуваше нејзината моќ низ темното небо.

 

 

Извадок од ЈАВАЧ НА КИТОВИ од Вити Ихимаера

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s