Промоција на романот „Што сонуваше Дедо Мраз“

По повод претстојните новогодишни празници, а во рамки на брендот за детска литература Либи, го промовираме и романот за деца „Што сонуваше Дедо Мраз“ од Билјана С. Црвенковска.

Dedo Mraz mock up-01Модерна бајка за децата на едно многу помодерно време, освежително пишувана во стил што рутински се надоврзува на сите моментни светски трендови, „Што сонуваше Дедо Мраз“ го соочува најсаканиот новогодишен лик со предизвиците на новата ера и се обидува да даде одговор на досега речиси неистражените прашања: што се случува со неговиот свет во време кога наместо класична, децата користат електронска пошта, кога од свет на чудата и фантазијата, нашиот станал свет на бизнис-зделки и материјална заработка, кога меѓу самиот Дедо Мраз и неговиот син постои опиплив генерациски јаз… Со подновени алишта, осовременет и во кругот на едно сосема ново семејство, Дедо Мраз од приказната на Билјана Црвенковска е впуштен во една постмодерна авантура во која игривите алузии и метанарации ниту за миг не ја загрозуваат трогателната порака на авторката на книгата: нејзиното грижливо и топло „Да, сè уште постои“ писмо до сите оние кои наивно веруваат дека комерцијализацијата на меѓусебните човечки односи ги засега и најинтимните и најнежни детски сништа.

Билјана Црвенковска е магистер по филозофски науки, преведувач и уредник. Автор е на книгата „Митски лавиринт: патување низ митските слики“, како и на повеќе трудови, меѓу кои и „Филозофија на неискажливото: обид за разјаснување на Семиотиката на Тишината кај Бекет“ и „Апсурдот и антиутопизмот во драмите на Коле Чашуле“. Ова е нејзин прв роман за деца.

Ова е прв домашен роман во издание на детскиот импринт Либи, дел од Арс Ламина публикации, и го означува стартот на детските изданија од оваа издавачка куќа. Како дел од ова портфолио веќе се во продажба првите едукативно-забавни боенки, а во најава се уште многу други детски наслови и изданија.

Промоцијата на романот „Што сонуваше Дедо Мраз“ ќе се одржи во вторник на 30 декември, во Bugatti Bistro, Skopje City Mall, со почеток од 17:00. Промотор на книгата ќе биде доц. д-р Владимир Мартиновски.

Романот е достапен на Литература.мк, како и во сите поголеми книжарници и маркети.

Се ближи Нова година, но нешто необично се случува. Во сандачето на Дедо Мраз пристигнаа едвај неколку писма. Поштарот доаѓа ретко, а и на имејл се појави само една порака. 

Само една?!

Да, само една, и тоа крајно вознемирувачка. 

„Скандалозно!“ ќе извика Дедо Мраз, откако ќе ја прочита пораката.

А потоа следува една волшебна, и смешна и тажна, и возбудлива и опасна, авантура, што ќе го одведе Дедо Мраз во Земјата на соништата, а џуџињата Лутко, Буцко и Спанко ќе пропатуваат половина Земјина топка и назад… и сето тоа во само една единствена ноќ!

Пиши му писмо на Дедо Мраз на contact@dedomraz.net

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s