Најпродавани наслови во 2014 година

2014-тата година за нас беше без сомнение година на многу нови и успешни приказни. Од почетокот на годината, па до овој момент издадовме преку 400 нови наслови, како од областа на белетристиката, така и од стручната литература. Ги направивме и пионерските чекори во издавање на сосема нов жанр – графички роман, организиравме неколку хуманитарни акции за помош на лицата со аутизам преку книгата „Зошто сакам да скокам“, а блог Literatura.mk освои награда на манифестацијата Сајт на годината 2014.

Ги издвојуваме и најпродаваните наслови за 2014 година:

1.       „Сервирај за победа“ – Новак Ѓоковиќ

Овој наслов, добро познат за најголемиот дел од читателската публика, е продаден во тираж од речиси 5.000 примероци во текот на 2014 година и е дефинитивно број еден на листата на најпродавани наслови, можеби и воопшто во Македонија. Во „Сервирај за победа“ Ѓоковиќ ни го открива начинот на исхрана што во целост го преобрази и го крена на самиот врв. Како само за 14 дена да ги трансформирате и телото и животот? Со неделниот план за исхрана, совети и рецепти лесно ќе се ослободите од вишокот килограми и ќе го подобрите здравјето.

2.       Алекс Фергусон: Мојата автобиографија

Инспиративната приказна на, според многумина, најголемиот менаџер на сите времиња. Преглед на неговите скромни почетоци, неколкуте „мрачни години“ без титула на клупата на Јунајтед, дострелите на Генерацијата ’92 предводена од Гигс, Сколс, Невил, Бат и Бекам, потпишувањето со Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ривалството со Венгер и Бенитез, обостраната почит со Жозе Мурињо – сè до возбудливиот проштален натпревар со Вест Бромвич.
3.       „Како ја изгубив невиноста“ (автобиографија) – Ричард Бренсон

Вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин“, Ричард Бренсон. Кога станува збор за бизнисот, но и за другите нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила.
Заради оваа филозофија на шеснаесетгодишна возраст се откажува од школувањето и го основа револуционерниот магазин „Студент“ (кога му било речено дека од него се очекува да стане или криминалец или милионер), ја именува музичката компанија „Вирџин“ (со значење девица, како одраз на неговото неискуство во бизнисот), и ги победува гигантите како „Бритиш ервејс“ и „Кока-кола“, и тоа со нивен чекан по глава. Тогаш ги издава некои од најважните албуми во музичката историја, како оние на Секс пистолс, Џенет Џексон и Ролинг стоунс, урива многу светски рекорди со своите луди авантури и гради деловна империја вредна милијарди долари.
4.       Тајните на иновациите на Стив Џобс“ – Кармин Гало

Во неговиот потврден бестселер „Тајните на иновациите на Стив Џобс“, авторот Кармин Гало прикажа една едноставна програма „чекор по чекор“ на моќни алатки и на докажани техники инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат тој ги споделува најпознатите, најоригиналните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација – на кое било работно место.

 

5.       „Зошто сакам да скокам“ од Наоки Хогашида

Делото „Зошто сакам да скокам: вистинска лична приказна за тринаесетгодишно момче со аутизам“, претставува еден вид на мемоар во кој што Наоки Хогашида ни демонстрира како аутистичниот ум размислува, чувствува, гледа и реагира на начин кој само неколку од нас можат да си замислат. Родители и членови на семејството кои никогаш не мислеа дека можат да навлезат во главите на нивните аутистични деца, сега имаат можност да го погледнат нивниот свет одблизу. Со купувањето на оваа книга, дел од средствата беа наменети за поддршка на лицата со аутизам и аспергеров синдром.

 

6.       Роналдо“ од Лука Кајоли

Роден е пред 29 години во мало португалско гратче, во семејство на обична готвачка и општински градинар, а денес важи за едно од најпрепознатливите лица на планетата. Независно дали од љубов или омраза, од восхит или од интерес, – веќе цела деценија, глобалните медиуми го следат секој чекор на Кристијано Роналдо.

Па, сепак, деталната истрага на Лука Кајоли ќе ве убеди дека има толку многу нешта што сè уште не сте ги откриле за него. На пример, дали сте знаеле дека Кристијано го добил своето второ име бидејќи татко му бил обожавател на претседателот на САД, Роналд Реган? Или дека на првиот училиштен час во Лисабон му се заканувал со столица на професорот? Или дека имал срцеви проблеми и на 15 години за малку ќе престанел да игра фудбал? Или дека по трансферот од Спортинг на Островот, не сакал да го носи бројот 7? Дека е стрелец на илјадиттиот гол на Манчестер јунајтед во Премиер лигата? А уште не сме почнале…

 

7.       „Сјаење“ од Стивен Кинг

Сјаење претставува олицетворение на современиот хорор-роман и дава прониклив увид во едно растурено семејство, во мрачните ходници на душата и во човековата слабост. Талентот на Стивен Кинг не бил поблескав во ниту една книга.
Хорор-романот Сјаење е за прв пат објавен во 1977 година. Во 1980 година, според романот, снимен е и филм, во режија на Стенли Кјубрик, а со Џек Николсон во главната улога. Овој филм се вбројува меѓу најдобрите на сите времиња. Подоцна, во 1997 година, истиот е адаптиран и во минителевизиска серија.

 

8.       Харемот на Гадафи“ од Аник Кожан

Сораја не е како повеќето тинејџерки на светот: наместо на својата полуматура, таа треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожаваниот либиски претседател. Кога на 15 години ќе добие покана да го посети Муамер Гадафи, пресреќната Сораја нема да може ниту да претпостави дека пречекорувајќи го прагот на неговата палата, таа всушност влегува во еден од најужасните хареми на модерното време.
Оваа фасцинантна книга на новинарката на Le Monde Аник Кожан ја раскажува приказната за Сораја само како вовед во судбината на илјадниците либиски сексуални робинки кои биле дел од најсуровите фантазии на политичкиот лидер на оваа земја: од стомачните танци, преку различните видови понижувања, па сè до тајната зелена соба на претседателот во рамките на Универзитетот во која била проверувана (а потоа и одземана) невиноста на околните студентки.
И тука не завршува сè. Во другите земји, повеќето девојки барем можат да најдат сочувство за страдањето штом еднаш ќе избегаат. Во Либија – тие се потоа блудници и предавнички; предмет за потсмев и критика; тепани и убивани. Дури и од нивните семејства.

 

9.       Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна – Јонас Јонасон
Приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на кое ќе го заврши својот век, добива свој заплет кога стариот присвојува еден куфер од еден криминалец. Тоа ќе покрене низа случувања и ќе го доведе во врска со многу интересни ликови.
Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна беше одлично прифатена. Се најде на списокот на најпродавани книги во Шведска веднаш по излегувањето, а голем успех доживеа и во над 30 земји на чии јазици е преведена досега.

10.   „Раскажувачката“ на Џоди Пико
Некои приказни живеат засекогаш…
Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран наставник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива… И тогаш започнува исповедта на неговите најмрачни тајни – тој навистина заслужува да умре… Што да се прави кога злото е во соседството? Треба ли да се понуди прошка? И најтешкото прашање: се работи ли за убиство или за правда?

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s