„Додека живееме“ од Маруха Торес ми ја смрзна крвта

Моја библиотека: Зорица Црношија

 

Зорица Црношија ја знаеме најмногу од ТВ, како водителка на повеќе емисии, а инаку е вработена во ПР секторот на маркетинг агенцијата Публицис. Покрај ова, таа е посветена на спортот (можевме да ја видиме на овогодинешниот Скопски маратон), а е и 100% посветена мајка.Во целото балансирање помеѓу ПР професијата и нејзините најмили :), Зорица наоѓа време за книгите, па дури најде време и да ни одговори на прашалникот. Прочитајте…

zoka


Првата книга што ти оставила некаков печат и која ќе ја памтиш цел живот: која е и како ти дојде в раце?

Тоа е книгата „The Pigman“ или преведена како “Свињчич” од Пол Зиндел од издаваштвото на Рад од Белград, за прв пат публикувана во 1968. Рад, не знам како и зошто, но имаше отворено една маалска книжарница и веројатно не им одеше баш бог знае како, па продаваа евтини книги, што нам ни се чинеше супер-исплатливо да купуваме на кило. Во тие купишта книги, меѓу најновата германска лирика и Детство и Младост од Толстој се најде и оваа, за мене убер-сензационална книга.

“Свињчич” немаше рецензија, ниту препорака, па веројатно сум ја купила ете така, чисто поради насловот. Ја читав два пати, пред да ја дадам некому кој не се одзва на моите молби да ја врати. Но, бидејќи познавам луѓе што познаваат луѓе, најдов контакт од магацинот на издавачката куќа која пред малку ја спомнав, а која веќе не постои, ја најдоа, ја транспортираа како реликвија и ми ја подарија! “Свињчич” одново гордо ги краси моите полици со книги и се подготвувам да им ја прочитам и на моите деца. Тоа е автентична приказна, одмерена, духовита и некако целосна. За мене во тоа време беше и слатка и солена.

 

Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

„Mientras Vivimos“ или „Додека живееме“ од Маруха Торес ми ја смрзна крвта и ме стаписа со еден ладен допир на реалноста од една страна и свеста за еден нов писателски распон од друга. Елегантна писателка, отровен роман.

 

Има ли книга што си ја препрочитала повеќе од три пати, која и зошто?
Неколку книги читав повеќе од еднаш, „Глава полна со тага“ на Ник Џонстон, „Забелешки за скандалот“ на Зои Хелер, две книги на Балашевиќ и сите книги на Маргарет Атвуд преведени на хрватски или на српски. Им се навраќам и на Зигфрид Зомер, Видосав Стевановиќ, Харпер Ли, Давид Албахари, Ерленд Лу, Роберт Перишиќ, Јагода Михајловска-Георгиева и на собраните колумни „Трендоленд“ на субјектот наречен „сопруг“.

 

Кој наслов од Арс Либрис го сакаш во твојата библиотека?

„Раскажувачката“ на Џоди Пико.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s