Пред некое време на фејсбук и на твитер напишавме: имаме блог! Тоа беше пред само неколку месеци, поточно на средината на септември. На крајот на годината, покрај сите други убави работи, можеме да напишеме и – имаме награда! Blog.literatura.mk го освои третото место во категоријата најдобар блог на манифестацијата сајт на годината 2014, вест што нè изненади и нè израдува :).
Им благодариме на сите наши фанови и пријатели што гласаа за нас, како и на сите драги пријатели кои најдоа време да бидат дел од нашиот блог. Без вас ќе бевме многу посиромашни :).