Извадок: ХАРЕМОТ НА ГАДАФИ од Аник Кожан

Едно утро во 2004 г., само што наполнив петнаесет години, директорот на училиштето им  се обрати на сите ученици собрани во дворот: „Водачот ќе ни направи голема чест и ќе нè посети денес. Ова е голема радост за целото училиште. Така, од вас очекувам да дојдете навреме, да бидете дисциплинирани и да се однесувате беспрекорно. Мора да оставите впечаток за прекрасно училиште, каков што тој сака и каков што заслужуваме! „Каква вест! Каква приказна! Не можете да замислите каква возбуда постоеше. Да се види Гадафи во живо. Гадафи е околу мене од раѓање. Неговите слики беа насекаде, на ѕидовите низ градот, во администрацијата, во општинските простории, во продавниците. На маиците, на ѓерданите, на тетратките. Да не ги споменувам парите. Живеевме со неговиот поглед насекаде. Со култот кон него. И покрај острите забелешки на мајка ми, јас кон него имав одредена страхопочит. Не го замислував неговиот живот затоа што не го сместував помеѓу луѓето. Тој беше над толпата, на еден недопирлив Олимп каде што царуваше чистината.

Муамер Гадафи, „таткото“ на Либија

 

Така, утредента, со чиста и испеглана униформа (црни панталони и црн фустан, бела шамија околу лицето), побрзав на училиште, нестрплива да слушнам што ќе се случува во текот на денот. Но ни првиот час уште не беше почнал кога ме повика еден професор и ми кажа дека сум била избрана да му врачам цвеќе и подароци на Водачот. Јас! „Девојката од фризерскиот салон“! Ученичката која ја држеа настрана! Во прашање беше шок! Најнапред, со неверување ги ококорив очите, потоа станав, озарена и свесна за љубомората што ја предизвикував во класот. Ме одведоа во една голема просторија каде што имаше неколку ученички, исто така избрани, и побараа од нас брзо да се преоблечеме во либиска традиционална носија. Носиите беа на закачалки. Црвени. Фустан, панталони, шамија и мала капа што се става врз косата. Воодушевени бевме. Брзавме, низ смеа, помогнати од професорите кои ги местеа шамиите, ставаа безопасни, вадеа фен за средување на бујните коси. Јас прашував: „Кажете ми како да го поздравам, ве молам! Што треба да правам? Да се поклонам? Да му бакнам рака? Да кажам нешто?“ „Срцето ми чукаше со сто на час додека сите се беа ангажирале за да изгледаме прекрасно. Кога денес ќе размислам подобро за таа сцена, ми личи како подготвување овца за курбан.

Салата за прослави на училиштето беше преполна. Професори, ученици, администрација, сите чекаа нервозно. Мала група девојки, одредена за пречек на Водачот беше наредена пред влезната врата, а ние фрлавме соучеснички погледи, од типот: „Каква среќа, всушност! Цел живот ќе го паметиме овој миг!“ Го стискав букетот со цвеќе треперејќи како лист. Нозете како од памук да ми беа. Еден професор ми упати строг поглед: „Сораја, исправи се!“

И одеднаш, тој пристигна, опкружен од група мажи и жени телохранители, додека чкрапаа блицовите. Беше во бела одежда, од половина нагоре покриена со значки, знаменца и украси, светло кафен шал врз рамениците, капче во истата боја, од кое се извиваше многу црна коса. Сè се случи многу брзо. Го подадов букетот, потоа му ја зедов слободната рака и му ја бакнав, наведнувајќи се. Тогаш почувствував како чудно ми ја стиска дланката. Потоа ме одмери, од горе до долу, со студен поглед. Ми го стисна рамото, и ме погали. Тоа беше крајот на мојот живот. Затоа што, подоцна сфатив, дека тој гест беше знак до неговите телохранители со кој им велеше: „Оваа ја сакам!“

Женска гарда или харем?

 

Во тој момент, бев во облаци! И штом заврши посетата, повеќе летав одошто трчав кон фризерскиот салон за да ѝ ја раскажам случката на мајка ми. „Тато Муамер ми се насмевна, мамо. Ти се колнам! Ме погали!“ Да бидам искрена, ми остана во глава студениот поглед, но бев пресреќна и сакав сите да дознаат. „Не прави од тоа бука!“ рече мама продолжувајќи да ги тегне витлерите на една муштерика.

– Но сепак, мамо! Претседател е на Либија! Тоа сепак не е мала работа!
– Да, а? Ја врати земјава во Среден век, го фрли народот во бездна! Тоа ли е претседател!

Бев огорчена и се вратив дома за сама да уживам во мојата радост. Тато беше во Триполи, но браќата изгледаа малку вчудовидени. Освен Азис на кој не му доаѓаше памет.

Утредента, на училиште, забележав целосна промена во односот на професорите кон мене. Обично, тие беа строги, дури и покажуваа презир. А сега беа безмалку нежни, внимателни. Кога еден од нив ме нарече „Малечката Сораја“, се изненадив. А кога еден друг пак ме праша: „И дали ќе продолжиш со училиштето?“, како да ќе можам да избирам, јас си реков дека нешто не е во ред. Но, сепак, само ден претходно беше прославата, и не се вознемирував. По часовите, во 13 часот, скокнав до дома за да се пресоблечам и во 13 и 30 бев во фризерскиот салон за да и помогнам на мама.

Жените на Гадафи влегоа околу 15 часот. Прво Фаиза, па Салма и последна Мабрука. Салма беше во униформа на телохранител, со пиштол на појасот. Другите беа облечени вообичаено. Погледнаа наоколу, дента имаше метеж, и прашаа една вработена: „Каде е мајка ѝ на Сораја?“ И тргнаа право кон неа.

„Ние сме од Комитетот на Револуцијата и вчера наутро, бевме со Муамер, при посетата на училиштето. Сораја беше забележана. Таа беше одлична во традиционалната носија и добро ја заврши својата задача. Би сакале таа повторно да му врачи букет на тато Муамер. Треба веднаш да појде со нас.

– Ова не е најдобро време! Гледате, салонот е полн. Ми треба ќерка ми!
– Нема да биде повеќе од еден час.
– Треба само да му врачи цвеќе?
– Можеби ќе треба и да ги нашминка жените од опкружувањето на Гадафи.
– Тоа е нешто друго. Тогаш треба јас да одам!
– Не, не! Сораја треба да му даде букет!

Јас бев присутна при разговорот, љубопитна, а потоа возбудена.

Мама, навистина, имаше многу работа тој ден, мене ми пречеше што покажува двоумење. Ако беше за Водачот, како и да е, не можеше да се каже не! Мајка ми на крајот се согласи (немаше избор) и јас тргнав со трите жени. Еден голем џип беше паркиран пред дуќанот. Возачот го запали моторот пред да влеземе. Мабрука, седна напред, а јас збиена одзади помеѓу Салма и Фаиза. Тргнавме нагло, следени од два автомобила со телохранители кои веднаш ги забележав. Можев да му кажам збогум на моето детство.

 

Берлускони и Гадафи придружувани од женската гарда

 

 

Извадок од ХАРЕМОТ НА ГАДАФИ од Аник Кожан

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s