Пишувањето е прекрасна и ужасна работа

Гудридс интервју со Стивен Кинг по повод неговиот најнов роман „Оживување“

 

Последниот роман на Стивен Кинг „Оживување“ (Revival), го обележува враќањето на екстремно натприродниот хорор со кој се прослави авторот на повеќе од 50-те глобални бестселери- вклучувајќи ги и „Сјаење“ (The Shining), „Гробишта за домашни миленици“ (Pet Sematary) и Тоа (It).

b683f7509ec792c3e481ead332940cdc

Во неодамнешна објава за книгата на Твитер, Кинг им кажува на читателите, „Ако го купите, подобро да ги подготвите вашите нерви“. Откако ја прочитала книгата, неговата издавачка Нан Греам вели: „Го прашав Стив дали навистина мораше да биде толку мрачна, знаејќи уште пред да одговори дека, да, мора да биде.“

Кинг го посветува „Оживување“ на „некои од луѓето што ја изградија мојата куќа,“ вклучувајќи ги и Мери Шели, Брем Стокер и Х.П. Лавкрафт. Приказната за судбината, рокенролот, религијата, опсесијата и зависноста, го следи Џејми Мортон, момче од Мејн чиј живот станува нераскинливо поврзан со неговиот некогашен пастор од детството, неверојатно злокобна фигура која врши мистериозни електрични „лекувања“.

„Оживување“ е четвртиот роман на авторот во две години: Во јуни го објавува „Г. Мерцедес“ (Mr. Mercedes), означен (на неговата веб страна) како неговата „прва тврда детективска приказна“), а минатата година 67-годишниот автор ги објавува „Џојленд“ (Joyland) и „Доктор Сон“ (Doctor Sleep), возбудливото продолжение на „Сјаење“.

Кинг во интервјуто на Гудридс (Goodreads) кажува што го инспирирало да го напише романот „Оживување“ и многу други нешта…

 

Гудридс: Честитки за „Оживување“-книгата која не можев да престанам да ја читам; моите деца речиси огладнеа. Која беше вашата инспирација за оваа книга? И дали навистина е „најзастрашувачкиот заклучок“ кој некогаш сте го напишале?

Стивен Кинг: Инспирацијата беше „Големиот бог Пан“ (The Great God Pan) на Артур Махен, застрашувачка приказна за светот што можеби постои паралелно со овој. Другите влијанија беа Лавкрафт, „Франкенштајн“ на Мери Шели и моето религиозно воспитување. И одамна сакав да пишувам за религиозното лекување!

Сакав да напишам екстремно натприродна хорор приказна, нешто што одамна не сум го направил. Исто така сакав да ги искористам „Ктулу митовите“ на Лавкрафт, но на нов начин, по можност да го отстранам екстравагантниот јазик на Лавкрафт.

 

revival_us

ГР: Во книгата се работи за она што го нарекувате „неважен играч“, „агент на промена“ или „соперник“- личност која се појавува во одредени интервали во текот на животот со причина која допрва треба да се открие. Која е таа личност во вашиот живот, дали постои таква?

СК: Мислам дека ретко го препознаваме „неважниот играч“ во нашите животи во времето кога тие луѓе нè менуваат. Како писател, морам да кажам дека тоа беше Филип Рот, кој за прв пат ми се обрати на колеџ кога ја прочитав „Кога беше добра“ (When She Was Good- роман на Рот од 1967 г.). Оттогаш тој се појавува повторно и повторно, на интервали од 10 или 20 години, и секогаш вели- преку неговото дело- „Оди малку подалеку. Направи нешто подобро.“

 

ГР: Има една реченица во книгата, вели: „Пишувањето е прекрасна и ужасна работа. Тоа ги отвора длабоките бунари на сеќавањето кои претходно биле затворени.“ Колку ова важи за вас во вашите книги?

СК: Пишувањето е како да си во состојба на сон или под некоја само-диригирана хипноза.  Тоа предизвикува една состојба на присетување – која, доколку не е совршена – е прилично страшна.

 

ГР: Како вашето искуство со зависноста и свирењето во рок бенд (Рок Ботом Римаиндерс) го дополни вашиот опис на херојот Џејми Мортон?

СК: Има една изрека- „Пишувај за тоа што го знаеш“. Тоа е лош совет ако го прифаќате како непроменливо правило, но добар совет ако го користите како основа. Со години бев зависник, па го познавам тој свет, иако посакувам да не е така. Кога станува збор за рок музиката, не сум некој голем свирач, но имам основни познавања. Знам повеќе како слушател, а „Оживување“ ми овозможи начин да пишувам за рокенролот без да бидам здодевен или да изгледа како да држам лекции. Преку Џејми имав шанса да зборувам за тоа колку ми е важен рокенролот и како ми го издигна животот.

 

ГР: „Оживување“ е приказна за семејството и стареењето, љубовта и загубата, онолку колку што е и мистерија/хорор. Дали тоа беше вашата намера од самиот почеток?

СК: Никогаш немам тематска намера на почетокот. Кај мене приказната ја одредува темата, а не обратно. Но имате право- тоа е приказна, барем до одреден степен, за стареењето и брзото минување на нашите животи. „Тоа е проклето краток филм,“ вели Џејмс МекМертри, „како дојдовме овде?“

 

ГР: Од сите „чудовишта“ за кои сте пишувале, кое ви е најстрашно и зошто?

СК: Не можам да се одлучам. Кловнот Пенивајс („Тоа“), зашто кловновите ме плашат уште од мал и Рендал Флег („Упориште“), зашто има малку од него во сите нас.

 

Целото интервју овде.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s