Конечно! Водич за почетници по бебе-технологија!

Книгата, или поточно прирачникот „Бебе – упатство за употреба“е наменет за татковците-почетници – да ги поучи, насмее и да им се обрати на јазикот кој тие го разбираат, со типични „машки“ паралели и термини. Од неговото деби во 2003 година па сè до денес, овој прирачник е преведен на повеќе од 25 јазици и продадени се повеќе од 500,000 примероци. Со својот уникатен и наградуван дизајн, корисни информации и исклучително смешни шеми и дијаграми, прирачникот за бебиња е одличен подарок за еден „нов“ татко.

А сега нешто повеќе за содржината на оваа корисна и забавна книга…

Книгата  „Бебе – упатство за употреба“ е исцрпен прирачник со кој од новороденчето ќе добиете максимални перформанси и оптимални резултати.

Знаете да го приспособите дигиталниот рисивер, да инсталирате безжична интернет-конекција, па и да проверите „Фејсбук“ од мобилниот телефон. Но, тоа нема да ве подготви да се соочите со најголемото техничко чудо на светот: новороденото бебе.

 

Книгата Бебе – упатство за употреба содржи детални упатства и илустративни дијаграми со кои ќе одговори на стотици најчести прашања:

Која е најдобрата техника на повивање?

Како да го натерам бебето да спие преку ноќ?

Кога треба да го носам детето на преглед?

Одговори на најчесто поставуваните прашања, и уште многу други работи!

За сè што ве интересира, одговорите се тука, благодарение на прочуениот педијатар д-р Луис  Боргенихт и син му, Џо Боргенихт. Тие двајца нудат многу совети за секој што сака да ги совлада основите на бебешката нега.

Д-Р ЛУИС БОРГЕНИХТ е педијатар со сертификат од Американската академија на педијатри и има своја ординација во Солт Лејк Сити веќе 16 години. Работи и како вонреден професор по педијатрија на Факултетот за медицина во Универзитетот во Јута. Во 2002  година, женското списание Лејдис хоум џурнал го прогласи за најдобар педијатар во државата Јута. Д-р Боргенихт е во брак со сопругата Џоуди, која конечно се навикна да спие сама ноќе додека сопругот го бараат на должност.

ЏО БОРГЕНИХТ е татко кој често му се јавува на татко си за да му побара совет. Води свој бизнис, пишува и е коавтор на Прирачник за суперхерои, Прирачник за суперхероини и Прикриен голф. Живее и работи во Солт Лејк Сити со сопругата Мелани и синовите Џона и Илај (кои и по една деценија се без гребаница и во одлична состојба).

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s