„Quo Vadis“ ми е првата катарза

Моја библиотека: Румена Бужаровска

 

Писателка, професорка, борец за човекови (и женски права), девојка од „град“ и умница уште од многу мала :). Неколку зборови што само донекаде се трудат да ја доловат Румена Бужаровска, која деновиве ја промовираше својата трета збирка раскази „Мојот маж“ (едно многу фино заокружување на „Чкртки“ и „Осмица“).

И покрај целата еуфорија околу одличната и крајно несекојдневна промоција на „Мојот маж“, Румена најде време и да се позанимава со „Моја библиотека“ Прочитајте и уверете се зошто тврдиме дека е умница „од мала“ :)._DSC55899

Првата книга што ти оставила некаков печат и која ќе ја памтиш цел живот: која е и како ти дојде в раце?

„Quo Vadis“ од Сјенкевич. Ми ја препорача тетка ми, која сметаше дека треба да почнам да читам литература за возрасни – имав 12-13 години. Тој роман ми е првата катарза.

 

Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

„Вториот пол“ од Симон де Бовоар.

 

Има ли книга што си ја препрочитала повеќе од три пати, која и зошто?

„Ловец во ‘ржта“ од Џ.Д Селинџер. На секое читање свежо ја доживувам. Ме трогнува и ме смее истовремено. Ја ставив во програмата по американска книжевност на факултет, па сега си ја читам секоја година, и секојпат уживам.

 

Кој лик од книга ти бил ноќна мора?

Јаго од „Отело“ на Шекспир.

 

Која сцена, ситуација или опис од книга те оставила без здив или те наежила?

Делот во „Ладнокрвно убиство“ од Труман Капоти, каде што се опишани телата на убиените членови на семејството Клатер во капелата, пред погребот:

… главата на секој од нив беше целосно замотана со памучен превез, натечен кожурец двапати поголем од обичен надуен балон, и превезот, којшто беше испрскан со сјаен спреј, светкаше како снег на божиќна елка.”

 

Кој наслов од Арс Либрис го сакаш во твојата библиотека?

„Quo Vadis“, се разбира, за да си ја препрочитам.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.