„Харемот на Гадафи“ ексклузивно со Вест

„Харемот на Гадафи“ – дел од нова едиција на Литература.мк

Од петок, 14 ноември, Литература.мк и Вест ќе ја престават новата едиција со наслов „Женски исповеди – Тајниот живот на лидерите“,  достапна ексклузивно со Вест, со доплата од само 200 денари во продажните места на МПМ.

zhenite 1

Првиот наслов од едицијата „Харемот на Гадафи“ од Аник Кожан ја раскажува приказната на Сораја. Сораја не е како повеќето тинејџерки на светот: наместо на својата полуматура, таа треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожаваниот либиски претседател. Кога на 15 години ќе добие покана да го посети Муамер Гадафи, пресреќната Сораја нема да може ниту да претпостави дека пречекорувајќи го прагот на неговата палата, таа всушност влегува во еден од најужасните хареми на модерното време.

Оваа фасцинантна книга на Аник Кожан ја раскажува приказната за Сораја само како вовед во судбината на илјадниците либиски сексуални робинки кои биле дел од најсуровите фантазии на политичкиот лидер на оваа земја: од стомачните танци, преку различните видови понижувања, па сè до тајната зелена соба на претседателот во рамките на Универзитетот во која била проверувана (а потоа и одземана) невиноста на околните студентки.

И тука не завршува сè. Во другите земји, повеќето девојки барем можат да најдат сочувство за страдањето штом еднаш ќе избегаат. Во Либија – тие се потоа блудници и предавнички; предмет за потсмев и критика; тепани и убивани. Дури и од нивните семејства.

Авторката Аник Кожан е дописник за француското списание Le Monde и е една од најценетите новинарки во Франција. Автор е на бројни книги, меѓу кои и контроверзната сторија за малолетната Сораја и харемот на Гадафи, наслов кој само во Франција во првата година беше распродаден во над 100.000 копии.

Следните наслови од оваа едиција се „Падот на Берлускони“ од Леонардо Коен и Паоло Колонело и „Карла Бруни и Никола Саркози“ од Валери Бенаим, Ивен Азеруал и Софија Капон.

„Падот на Берлускони“ ја проследува полициската истрага што почнува со обична кавга на проститутки на 5 јуни 2010 година, а завршува со разоткривање на оргијастичните бунга-бунга забави на италијанскиот премиер и неговата неотповиклива оставка од функцијата.

„Карла Бруни и Никола Саркози“ е увид во заткулисните приказни на најпознатиот француски пар и обид да се одговори на често поставуваното прашање: како една девојка со реномето на Бруни (чија листа на поранешни партнери ги вклучува и Мик Џегер и Ерик Клептон) станува првата дама на Франција?

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s