„Мајсторот и Маргарита“ ми отвори цел еден универзум

Моја библиотека: Срѓан Јаниќијевиќ

 

Режисер, сценарист, актер, музичар, уметник, Ди-Џеј… најверојатно има уште многу работи со кои се занимава, а не се на оваа листа. Покрај тоа, за Срѓан Јаниќијевиќ можеме слободно да кажеме дека е еден од малкуте ликови што биле директно инволвирани во создавањето на урбаната култура во Скопје. Ќе наброиме само неколку работи: „Светло сиво“, „Зрното грашок и принцезата“, „Shopping and F***king“, Pogan Pagan, „Лудница“…

 

Фото: Вест

Покрај професијата која нужно го врзува со театарот, филмот, драмата.., Срѓан е и фан на фантазија, научна фантастика и стрипови, а пред неколку месеци ја издаде и својата прва книга со драмски текстови – „Купидона и други драми“.

 

Има ли книга што си ја препрочитал повеќе од три пати, која и зошто?

Мајсторот и Маргарита од Булгаков. Ми отвори цел еден универзум во тоа време, кој како тинејџер во мене постоеше, а не можев да го си го оформам. Готиката на Фауст, руската авангарда, апсурдот на тоталитарниот социјализам (татко ми завршил на Голи Оток и ми беше најголема мистерија зошто дома се криеше тоа од мене), хуморот на Гогољ, магија, бурлеска, Исус и Пилат – роман во роман… За мене тоа беше Библијата. Мислам дека неколку години по неколку пати сум ја читал. Она што ми беше најинтересно е што мајка ми уште во периодот кога сум бил бебе работела во тогашна Заедница за издавачка дејност и дома од Мајсторот и Маргарита сме имале многу примероци од кој ниеден не ни останал, па така морав цело време да ја позајмувам од различни луѓе за да ја препрочитам по кој знае кој пат.

 

Со кој лик од книга се идентификуваш и зошто?

Дон Жуан :), ама не заради умешноста во заведување туку во причината за тоа.

 

Кој лик од книга ти бил ноќна мора?

Мајката на Лолита. И многу од „Гробница за Борис Давидович“. Ги гледаме секој ден.

 

Која сцена или опис од книга те оставила без здив или те наежила?

„Платформа“ – Мишел Уелбек. Крајот ме извади од памет. Ама без спојлери. А да, и убиството на Роб Старк и мајка му. И крајот од „Убик“. И кога ќе падне мрежата на далекофрлачот во Хиперион и… Толку.

 

Која е најскапата книга што си ја купил во животот? И дали спиеше после тоа со книгата под перница, или ја чуваше во витрина, или..? Каде е таа книга денес?

Јас немам проблем со давање книги, ептен сакам да ги раздавам на што повеќе луѓе. Електронските книги ми се затоа најдраги, секогаш имаш копија од неа што можеш бесконечно пати да ја препратиш на што повеќе луѓе. Не се ни сеќавам која е најскапата книга, а и каде е. Знам дека ми е само многу криво што не знам каде ми е стрипот на Мебиус и Жодоровски „Лудача со свето срце“ и „Лудакот од Сорбона“ пиратско издание. Криво ми е зошто има уште многу луѓе што сакам да го прочитаат. Додуша го најдов електронски и тоа реиздание во колор така да… Малку сум помирен. Сега се сетив исто, дека имам еден многу омилен стрип од Херман – „Дракула“ и знам каде е. Кај Камка. Камка ВРАТИ МИ ГО!!!

 

Кој наслов од Арс Либрис го сакаш во твојата библиотека?

Молиер, и го сакам.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s