Омилените книги на Џонатан Френцен

Американскиот писател Џонатан Френцен се прослави со романот „Корекции“ (2001), додека со романот „Слобода“ (2010) тој стана еден од најчитаните светски писатели и едно од најголемите книжевни имиња на 21. век. Во едно интервју во Entertainment Weekly, Џонатан Френцен разговара за неговите омилени книги, книгите кои ги чита во моментов и сака да ги препрочитува и за авторите кои оставиле впечаток на него…

Credits: Shelby Graham / shelf-life.ew.com

Credits: Shelby Graham / shelf-life.ew.com

Која ти е омилена книга од детството?

Сакав сè што имаше животни што зборуваат и размислуваат – А.А. Милне (авторот на Вини Пу), романите за Нарнија, „Доктор Дулитл“, „Ветрот во врбите“, како и целата колекција на „Кикиритки“ („Peanuts“/ Чарли Браун) стриповите. Ова денес ми изгледа и малку чудно, затоа што се плашев од кучиња и моите родители не му дозволуваа други миленичиња освен ‘рчаци и желки, кои не ги ни сакав, а кои постојано ми умираа.

 

Која ти е омилена книга што си ја читал за училиште?

Најверојатно „Крај на детството“ од Артур Кларк, во 8-мо одделение. Таа направи од мене читател на научна фантастика, а и ден денес е книга која ме тера на размислување…

 

Која е книгата која те дефинираше како писател?

Можам да ја споменам „Шпионката Хариет“ и, подоцна, „Процес“ на Кафка. Она што е заедничко за овие романи е што главните ликови сочувствуваат со другите, но се и со сомнителен морал.

 

Има ли некоја книга што ја препрочитуваш одново и одново?

Сè што ми се допаѓаше кога бев млад ми е препрочитано по три или четири пати. Тоа значи: „Господарот на прстените“ и трилогијата „Фондација“ на Исак Асимов. Два романи кои сум ги прочитал барем седум пати како возрасен се „Големиот Гетсби“ и „Очајни ликови“ на Пола Фокс.

 

Кој е класик за кој се срамиш дека го немаш прочитано?

„Моби Дик“, и покрај сите обиди да прочитам повеќе од 50 страници.

 

Која книга мислиш дека ќе ги зачуди другите кога ќе им кажеш дека ти се допаѓа?

Можеби „Одвеано со виорот“. Но не верувам дека некој премногу посветува внимание за да биде зачуден од тоа.

 

Која е последната книга која те натерала да се смееш на глас, и која е последната која те расплакала?

Одамна не сум плачел. Крајот на „Независни луѓе“ на Халдор Лакснес ме расплака, но и „Војна и мир“. Но кога го препрочитував воведот на „Сто години самотија“, хистерично се смеев…

 

Целото интервју овде.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s