Извадок: Наоки Хогашида, „ЗОШТО САКАМ ДА СКОКАМ“

ПРЕДГОВОР

Кога бев мал не знаев дека сум дете со специјални потреби. Како дознав? Од други луѓе, кои ми кажаа дека сум различен и оти тоа е проблем. Доволно вистинито. Многу беше тешко да функционирам како нормален човек и дури и сега не можам да „водам“ вистинска конверзација. Немам проблем со читање книги на глас и пеење, но штом се обидам да зборувам со некого, моите зборови едноставно исчезнуваат. Секако, понекогаш успевам да изговорам неколку збора – но дури и тие можат да излезат комплетно спротивно од она што сум го кажал! Не можам соодветно да одговорам кога ќе ми биде кажано да направам нешто и секогаш кога ќе се изнервирам, бегам од местото каде што се наоѓам. Дури и едноставна активност како пазарење може да биде предизвик ако одам сам.

 

50_Zosto sakam da skokam_PRINT

 

Значи зошто не можам да ги правам овие работи? Во текот на моите фрустрирачки, мизерни, беспомошни денови, почнав да си замислувам како би било ако сите се аутистични. Ако аутизмот беше окарактеризиран едноставно како тип личност, работите би биле многу полесни и посреќни за нас отколку што се. Секако, има лоши времиња кога предизвикуваме многу проблеми за другите луѓе, но тоа што ние сакаме е да бидеме во можност да видиме една посветла иднина.

 

Благодарение на обуката што ја имав со госпоѓица Сузуки од училиштето „Хагукуми“ и на мојата мајка, научив метод на комуникација преку пишување. Сега можам дури и да пишувам на компјутер. Проблемот е што многу деца со аутизам немаат средства за да се изразат себеси и често и нивните сопствени родители немаат поим што тие мислат. Затоа мојата голема надеж е дека можам да помогнам со објаснување, на мој начин, што всушност се случува во главите на луѓето со аутизам. Исто така се надевам дека читајќи ја оваа книга, ќе можете подобро да се спријателите со некое лице со аутизам.

 

Не можете да судите за некого само според изгледот. Но штом го дознаете внатрешното јас на другото лице, и двајцата можете да бидете многу поблиски. Од Ваш аспект, светот на аутизмот мора да изгледа како многу мистериозно место. Затоа Ве молам одвојте малку време за да слушнете што имам да кажам.

 

И Ви посакувам пријатно патување низ нашиот свет.

 

Наоки Хогашида,

Јапонија, 2006

 

***

 

МИСТЕРИЈАТА НА ИСЧЕЗНАТИТЕ ЗБОРОВИ

 

Ние децата со аутизам не користиме доволно зборови, и тоа се тие зборови што недостасуваат, а кои можат да создадат проблем. Во овој пример тројца пријатели разговараат за својата другарка од училиште, која има аутизам:

 

„Еј, таа само што кажа ’Сите ние‘!“

„Значи… тоа мора да значи дека сака да ни се придружи, така?“

„Не знам. Можеби таа сака да знае дали ние сите го правиме тоа.“

 

Всушност, „сите ние“ кај аутистичното девојче произлегло од  нешто што учителката го кажала претходно: „Утре сите ние ќе одиме во парк“.

Тоа што девојчето сакало да дознае е кога ќе одат.

 

Таа се обидела да го направи тоа со повторување само на зборовите што таа можела да ги употреби – „сите ние“. Со ова можете да видите како зборовите што недостигаат ја поттикнуваат Вашата имагинација и Ве тераат во луда трка.

 

Искрено, каков мистериозен јазик зборуваме ние децата со аутизам!

 

***

 

ПРАШАЊЕ 36

ЗОШТО ГО САКАТЕ ВРТЕЊЕТО?

 

Ние, луѓето со аутизам, често уживаме во вртењето наоколу. Ние сакаме да вртиме каков било предмет што ќе ни дојде при рака. Можете ли да разберете што е толку забавно во вртењето?

 

Секојдневниот амбиент не ротира, така што предметите што се вртат едноставно нè фасцинираат. Самото гледање предмети што се вртат нè исполнува со бескрајно блаженство – додека седиме и ги гледаме, тие ротираат со перфектна правилност. Тоа е секогаш точно, кој и да е предметот што го вртиме. Работите што не се менуваат се утешителни и има некоја убавина во тоа.

 

Извадок од Наоки Хогашида, ЗОШТО САКАМ ДА СКОКАМ

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s