Франкфурт 2014: Книжевни трендови оваа есен

Минатата недела го посетивме најголемиот саем на книга во светот – Frankfurt Buchmesse. Саемот траеше од 8 до 12 октомври, распослан на површина 190.000 м2, со 7.300 излагачи од 102 земји од светот, 600 литературни агенти, 9.300 новинари од 71 земја, преку 300.000 посетители, и непознат број изодени километри низ 8-те огромни хали на саемот.

Што понуди Франкфурт годинава?

 

 

Хит-наслови

„Јас сум Малала“ – цела Германија и половина Европа ја чита биографската приказна на Malala Yousafzai, девојчето кое се бореше за образование и на кое пукаа Талибанците. Неодамна, Малала стана најмладиот добитник на Нобелова награда за мир.

Frankfurter Buchmesse 2014, Frankfurt Book Fair 2014

Продолжението на Проектот Роузи – „The Rosie Effect“. На повидок е уште еден забавен бестселер!

Графичките новели како жанр земаат уште поголем замав – нови интересни наслови: PIL од Mari Yamazaki и Robert Moses од Pierre Christin, додека бестселерите Дон Кихот и Фауст добија репринт изданија и во мек повез!

 

Скандинавски детективски романи– и крими романи воопшто

А и добриот стар трилер е популарен оваа есен. Политички трилер, историски драми, разни приказни поврзани со мафија, убиства и задкулисни игри… Речиси секој издавач има по некој ваков наслов или серијал, и се чини дека овој тренд е далеку од замирање. Еден од најспоменуваните е најновиот роман на Стивен Кинг – „Dr. Sleep“, продолжение на легендарниот роман – „Сјаење“.

 

 

 

„Дебели“ американски романиbook_home

Сè уште се популарни американските новелисти и нивните книги од по неколку стотици страници. Наследувајќи ги Филип Рот, Џон Апдајк, Ричард Форд и Џонатан Френцен, годинава можевме да ги видиме последните романи на Joyce Carol Oates, Thomas Pynchon, Meg Wolitzer, итн.

 

 

 

Реоткривање на историјата на книжевноста

Репринти и нови преводи на стари дела. На пример, повторно се печатени Џејмс Хелни, Виктор Серж и Кенет Мекензи, а одново се преведени, на посовремен јазик – Пруст, Булгаков, Балзак…

 

Ништо ново во светот на дигиталното издаваштво

paulo_coelho__olivier_dion28_0Еден од многуте гости автори на саемот беше и Пауло Коелјо, чие име и лик беа насекаде на франкфуртскиот саем, заедно со корицата од неговата најнова книга „Adulterio“.

Но она за што најмногу се зборуваше по неговата посета беше пораката која ја пренесе до авторите и издавачите на средбата со обожавателите: „Прифатете ги промените – не
бидете алчни и намалете ги цените на e-книгите“.

Кога станува збор за дигитализација на издаваштвото и иднината на е-книгите, ако Франкфурт е одраз на актуелните трендови во светот, тогаш очигледно е дека ништо ново нема во светот на дигиталното издаваштво, индустријата сè уште талка барајќи ефикасни решенија во борбата против пиратеријата.

 

Илјадници маскирани тинејџери

Последните два дена од саемот вратите се отворија и за приватните посетители. И тогаш – напад од сите страни, илјадници тинејџери во костими насекаде.

tumblr_ndfrnpow7d1tj27aio1_500 German+Cosplay+Championships+Finals+Frankfurt+kGaEAgmO2Yol

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Finnland. Cool.

Земја гостин оваа година беше Финска. Посетата на финскиот павилјон беше вредно искуство, а штандот и целокупната презентација вредеше да се видат! Горди на својот минималистички дизајн и естетика, како едно од највредните „национални богатства“ на земја на „студот“, Финска презентацијата во Франкфурт оваа година ја довери на тројца фински студенти по дизајн.IMAG1058

Финска е патем тријазичен книжевен пазар, со над 4.000 нови наслови годишно, со што се издигнува на врвот на европските земји според бројот на издадени наслови годишно по глава на жител.

Финска на саемот во Франкфурт претстави низа романи и приказни на, за нас, помалку познати или непознати автори, меѓу кои и апсолутната ѕвезда  – Софи Оксанен, „новелистката од два света“. Оксанен живее во Финска, но дејствијата во нејзините романи се одвива најчесто „од спротива“, во Естонија, каде што често престојувала како дете.

Вредни да се видат (и да се споменат тука) се и финските илустратори и автори на графички романи и на детска литература. Илустрацијата има долга и богата традиција во Финска. Како еден од најплодните и највлијателни автори се издвојува Tove Jansson (1914-2001), познатата авторка на омилениот фински цртан карактер – Moomin.

 

House of the wor(l)ds

Оваа година, после неколку години пауза, и Македонија учествуваше на саемот на книга во Франкфурт со свој штанд. Под мотото “Куќа на зборови – куќа на светови”, беа претставени 18 македонски автори, распоредени по шест во три сегменти, секој со различна тема и поврзан со познати мотиви од културното наследство. Комесар на презентацијата беше Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ).

 

 

 

 

 

 

 

 

Advertisements