Рецензија: „БОКСЕРОТ“

Освежување на Саемот на книгата беше појавувањето на три графички романи на македонски – „Дон Кихот“ и „Фауст“ од германскиот цртач Фликс и „Боксерот“ на Рајнхард Клајст. Првите два се интересни затоа што ги сместуваат славните класични ликови во современ контекст и со тоа ја акцентираат безвременската димензија на проблемите со кои тие се соочуваат. Но последната е вистинска приказна за еден лик, кој минал низ траумите на Втората светска војна благодарејќи на еден негов талент – боксувањето.

 

image

 

Судбината на Херцко Хафт не била позната до 2007, кога се појавила биографската книга „Еден ден ќе раскажам се’: приказна за преживувањето на еврејскиот боксер Херцко Хафт“ напишана од неговиот син, Алан Скот Хафт. Во 2012 врз основа на податоците изнесени во неа Клајст прави графички роман, во кој на многу живописен и потресен начин е раскажан неверојатниот животен пат на едно момче, кое во 1941, на само 14 години, е упасено и сместено во полските работнички логори, со бројот 144738 истетовиран на подлактицата.

2-40de5acc0f

Помеѓу вршењето на секаква физичка работа, катастрофалната хигиена, клаустрофобијата и носталгијата по неговото семејство и саканата девојка, тој под заштита на човек од СС чие вистинско име е непознато (во книгата се вика „Шнајдер“) почнува да боксува за забава на нацистите, најпрвин со затвореници кои едвај стојат на нозе, но потоа и со појаки противници, кои често се и подобро градени и поискусни од него. Тоа покажува дека Херцко ни оддалеку не бил осамен случај на затворен и злоупотребен боксер – такви имало од цела Европа, и голем број од нив биле присилени да настапуваат на егзибициски бокс мечови, како во гладијаторска арена, нас’скани едни против други во ваква изопачена верзија на спорт. Според историските податоци, во логорите се играло и фудбал и тоа во посебно организирани лиги, се доделувале пехари за ракомет, а во Аушвиц имало и вратило. Ова се правело за разонода, но и од практична потреба за добра кондиција на оние групи затвореници кои работеле по фабриките и во рудниците, каде била потребна посебна телесна издржливост.

После неколку селења од логор во логор, при крајот на војната Херцко и неговиот прат Перец биле дел од маршевите со кои затворениците, под налет на Црвената армија, биле префрлувани што подалеку кон запад. Херцко успева да избега и да емигрира во САД каде во 1948 започнува кариера на професионален боксер. Почнал многу силно, со десет победи во серија кои ги решил со нокаути. Но набргу загубил еден важен меч, и иако цел живот тврдел дека бил приморан да го предаде заради закани од мафијата, тој сепак му бил и последен.

Херцко, според неговиот син, бил неписмен, груб и насилен човек, но откако син му ја дознал неговата приказна почнал подобро да разбира зошто тоа било така. Таткото го дочекал американското издание на неговата биографија – починал на 3. ноември 2007. Во поговорот кон графичкиот роман за него се наведени имиња на неколку други боксери со различно потекло кои доживеале слична, или полоша судбина.  Една од приказните која не е влучена во овој преглед е онаа за Јохан Вилхем Тролман, попознат како Рукели, по потекло Ром, на кого во Хитлерова Германија му е одземена титулата првак во полутешка категорија. За него минатата година во келнскиот театар „Кокотовиќ-Осман“ беше изведена претстава, на која влезот за Ромите беше бесплатен. Неговата несреќна судбина се состоела во тоа што во 1933 во рингот победил извесен Вит, кој за симболиката да биде посилна уште и се викал Адолф, а кој само неколку месеци претходно бил именуван за рајхсканцелар. Боксерскиот сојуз веќе полн со нацистички кадар инсистирал борбата веднаш да се поништи. И покрај тоа што Јохан потоа добил понуда да замине за Америка, заради семејни причини одбил. Така си ја запечатил судбината, која завршува во еден од логорите – некој надзорник го предизвикал на борба и Јохан го победил. Подоцна човекот се вратил со пријателите и го претепал Јохан до смрт.

 

 

Автор:  Илина Ј. – БУКБОКС ЧИТАНКА

Оригиналната рецензија можете да ја најдете овде.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s