Мој литерарен херој е Кундера

Моја библиотека: Ивана Тасев

 

 

Ивана е девојка што не може да ја „промашите“ ако се движите во Скопје, без разлика дали се тоа културни настани (театар, филм, изложба, промоција на книга), модни ревии, концерти, кафулиња… Новинар по професија, фотограф, урбан лик, естета, посветена тетка :)… и најверојатно има уште многу други епитети кои би ја опишале, но веќе ја доловивма сликата :).

Во прилог се книгите и авторите кои ја чинат „нејзината библиотека“.

 

Првата книга што ти оставила некаков печат и која ќе ја памтиш цел живот: која е и како ти дојде в раце?

„Доријан Греј“ од Оскар Вајлд. Бев клинка кога се соочив со неговата дрска интелектуална иронија, директна и соголена вистина. Неговиот искрен и непосреден писателски ракурс, некако ми налета „право, па у ребра“. Покрај музиката, на тие години, тој беше едно од првите мои освестувувања и созревања. Не сакам обландирана, амбалажирана литература. Со некои негови ставови и денес не се сложувам, но ме восхитува неговата храброст во изразувањето. Аргументирана самоувереност и оправдана самобендисаност. Не се сеќавам точно како ми падна во раце, ама знам дека не можев да дојдам до книгата, па ја копирав и ја прочитав во облик на скрипта. И се уште ја чувам некаде дома. Ги голтав сите негови најбистри мисли, и тоа со подвлекување (се смее).

 

Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

За огромен број стручњаци и познавачи на историската модерна, Василиј Кандински е најреволуционерниот уметник, а неговото дело е историска пресвртница во ликовната уметност. Тој е татко на апстрактната уметност. Ако некој уметник внел толку неверојатни и непоимливи револуционерни промени во ликовното, тогаш тоа е генијалниот и неповторлив Кандински. Така и неговата книга „За духовното во уметноста“, е камен темелник на модерната теорија на уметноста, а во мене смени многу работи. Во неа говори за сликарскиот израз и неговото значење во будењето на духовната суштина, низ употреба и делувањето на бојата, формата и самото преплетување на уметничкото дело и духовната инспирација на уметникот.

 

Има ли книга што си ја препрочитала повеќе од три пати, која и зошто?

Ги сакам драмите на Чехов. И од време на време им се навраќам. Оние кои добро ме познаваат велат дека сум типична „чеховњакиња“, што и не е некој комплимент, земајќи предвид дека ликовите во неговите драми се плашат од иднината, ја презираат сегашноста и со носталгија се сеќаваат на минатото. Сепак мој литерарен херој е Милан Кундера. Начинот на кој прави психолошки пресек на луѓето, преку неговите ликови и ја дефинира нивната клиничката слика, преку поривите, слабостите, стравовите, желбите… на неговите карактери е трогателно фасцинатна. И реална. Низ една филозофска и длабоко интелектуална визура ги скенира човековите карактерни погледи. Нешто што отсекогаш и мене лично ме интересирало. Психоанализата.

 

Кој наслов од Арс Либрис го сакаш во твојата библиотека?

„Боксерот“, дефинитивно!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s