Шекспир ми е мрак!

Моја библиотека: Гораст Цветковски

 

Еден е од најдобрите млади актери на македонската сцена. Покрај неоспорниот талент за глума, Гораст Цветковски е и цар за компјутери, пасиониран  програмер и веб дизајнер, зависник од видео игри и адреналин… И плус, од моментот кога ќе се појави па сè додека не се разделите – не престанува да ве смее. На кратко: Гораст во секој поглед е многу О.К. дечко!

Го „загњавивме“ да одговори на нашиот прашалник, а тој одговори сосема во негов стил :).

 

Gorast_Cvetkovski

Првата книга што ти оставила некаков печат и која ќе ја памтиш цел живот: која е и како ти дојде в раце?

За прва книга неможам да се сетам, но можам да извдојам две кои ми направија разлика во погледот на многу работи. Едната беше драма: „Долго патување во ноќта“ од Јуџин О’Нил. После тој текст и ден денес имам желба за играње психо-реализам. Ви било кои услови и на било кое место. Втората е „Играта на животот и како да се игра“… или нешто така. Тоа е од оние книги кои ви објаснуваат како да се однесувате за да бидете подобар, и поубав и потаков… и дрн дрн дрн. Не сум голем љубител на таква литература, но оваа книга ми ја подарија мислејќи дека сум во таков период. И беа во право. Кога ја завршив… а ми требаше многу време зашто најспоро на свет читам, научив да кажувам „Не!“ , а притоа да немам грижа на совест. Прилично добар погодок беше!

 

Кој лик од книга ти бил ноќна мора?

Не можам да одвојам еден лик, но можам да посочам автор. Шекспир ми е мрак. Имам толку многу ќеф да го засакам како што, нели, сите го сакаат, ама толку е далечен од мене… светлосни години. Можеби фактот што не сум голем љубител на стих има врска со мојот однос према него.

Kога ја завршив… научив да кажувам „Не!“ , а притоа да немам грижа на совест.

Која е најскапата книга што си ја купил во животот? И дали спиеше после тоа со книгата под перница, или ја чуваше во витрина, или..? Каде е таа книга денес?

Најскапа книга која ми ја купија е енциклопедија за Салвадор Дали. Два тома во тврд повез, тежи 20 кила и чинела многу. Книгата е далеку од спална соба и од перница, но е доволно блиску да ја гледам секој ден. Книгата тежи и емотивно. Често се спомнува во евоцирање убави спомени.

 

Кој ти е омилен наслов од Арс Либрис?

Немам конкретен… да бидам искрен освен театарски текстови и филмски сценарија, проза немам читано одамна… поезија уште подалеку. Во моментов би читал некој хорор… последен пат кога си поминав убаво со таква литература беше сагата на Дарен Шон. „Сјаење“ од Стивен Кинг, можда?

 

Фото: Кире Галевски

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s