Извадок: Марсел Пруст, „ВО ПОТРАГА ПО ЗАГУБЕНОТО ВРЕМЕ“, ТОМ 1 (КОМБРЕ)

Ми се чини мошне разумно келтското верување дека душите на оние што сме ги загубиле се заробени во некое пониско суштество, во некое животно, растение, некој нежив предмет, дека се загубени за нас сè до денот, кој за многумина не доаѓа никогаш, кога ќе поминеме покрај дрвото, кога ќе ни дојде в рака предметот што им е затвор. Тогаш тие затреперуваат, нè викаат, и штом ќе ги препознаеме, магијата ја снемува. Ослободени од нас, тие ја победуваат смртта и се враќаат да живеат со нас.

 

Така е и со нашето минато. Залудо настојуваме да го вратиме, бесполезни се сите усилби на нашиот ум. Тоа е скриено надвор од неговата надлежност и од неговиот дострел, во некој материјален предмет (во осетот што ќе ни го даде тој материјален предмет) на кој воопшто и не помислуваме. Од случајноста зависи дали пред да умреме ќе го сретне ме или нема да го сретнеме тој предмет.

 

Беа минале многу години откако за мене веќе не постоеше сето она што во Комбре не беше театарот и драмата на моето легнување, кога еден зимски ден, на враќање дома, мајка ми, гледајќи дека ми студи, предложи, спротивно на мојата навика, да ми донесат малу чај. Првин одбив, а потoa, не знам зошто, се премислив. Побара да й донесат едно од оние кратки а дебелки колачиња што ги викаат мадленчиња, а што изгледаа небаре излеани во издлабената мешунка на школката Сен-Жак. А веднаш потoa, махинално, папсан од невеселиот ден и од перспективата на едно тажно утре, принесов кон усните лажица чај во која бев ставил парче мадлен за да омекне. Но, во моментот кога голтката измешана со ронки од колачот ми го допре непцето, се стресов и фатив да внимавам на она што се случуваше во мене. Ме обзеде пријатно, за ништо неврзано задоволство, без претстава за својата причина. И веднаш ме направи рамнодушен спрема искушенијата на животот, неговите неволи станаа безопасни, неговата краткотрајност илузорна, како што прави љубовта, исполнувајќи ме со некаква скапоцена суштина: или поточно, таа не беше во мене, јас бев таа суштина. Престанав да се чувствувам просечен, бе значаен, смртен. Од каде ли ми дојде таа силна радост? Чувствував дека има врска со вкусот на чајот и колачот, но бескрајно го над- минуваше, не можеше да биде од иста при рода. Од каде ли доаѓаше? Што значеше? Каде да ја фатам? Пијам втора голтка, но не наоѓам ништо повеќе одошто во првата, трета што ми носи нешто помалу од втората. Време е да запрам, изгледа дека моќта на пијачката се намалува. Јасно е дека вистината што ја барам не е во неа, туку во мене. Таа ја разбуди, но не ја познава и може само, со сè помала и помала сила, безброј пати да го повторува тоа исто сведочење што не умеам да го протолкувам, а што сакам барем да можам повтор но да го побарам од неа и да го пронајдам неначнато, да ми биде на располагање, веднаш, заради конечното расветлување. Ја ставам шолјата и се свртувам кон мојот дух. Тој треба да ја најде ви стината. Но како? Голема несигурност, секогаш кога духот се чувствува превозмогнат од самиот себе; кога тој, барателот, целиот е темниот вилает каде што мора да бара и каде што сиот негов багаж нема да му служи за ништо. Да бара? само не: да создава. Соочен е со нешто што сè уште го нема и што само тој може да го оствари, а потоа да го направи дел од својата светлина.

 

[…]

 

Наеднаш, меѓутоа, ми се јави споменот. Тој вкус доаѓаше од парченце мадлен, натопено во обичен или липов чај, со кое во Комбре, в недела наутро (зашто тој ден не излегував од дома пред да појдеме на миса), ќе ме послужеше тетка Леони, кога одев во нејзината соба да й пожелам добар ден. Изгледот на мадленчето не ми кажа ништо пред да го вкусам; можеби затоа што во меѓувреме, често, без да ги јадам, ги гледав врз слаткар ските полици, па нивната слика ги беше напуштила тие комбрејски денови врзувајќи се за други, поскорешни; можеби затоа што од тие спомени, толку одамна оставени надвор од сеќавањето, ништо не преживеало, сè се распаднало; формите – па и оваа на слаткарската школкичка, толку раскошно сладострасна под своите строги и набожни брчки – беа по ништени, или, задрема- ни, ја беа загубиле моќта да растат, што ќе им дозволеше да досегнат до свеста. Но, кога од едно дамнешно минато, по смртта на луѓето, по распаѓањето на предметите, нема да преживее ништо, уште долго време остануваат, како души, само миризбата и вкусот, понежни но пожилави, понематеријални, поупорни, поверни, за да пот сетуваат, да чекаат, да се надева ат врз урнатините на сè друго, за да во своите речиси неопипливи капчиња непопустливо да го носат огромното здание на спомените.

 

А откако го препознав вкусот на парчето мадлен натопено во чај од липа што ми го даваше тетка ми (иако сè уште не можев да откријам, па тоа морав да го одложам за многу подоцна, зашто тој споен ме правеше толку среќен), старата сива куќа на улицата, во која беше нејзината соба, се надоврза како театарски декор на малиот павилјон, што гледаше кон градина та, а го беа изградиле за моите родители врз нејзината задна страна (тој единствен скратен ѕид што дотогаш постојано го гледав); а со куќата и градот, од утро до мрак и по секакво време, Плоштадот на кој ме праќаа пред ручек, улиците каде што одев да се изнатрчам, патишта та по кои одевме да шета ме кога беше убаво време. И како во онаа игра во која Јапонци те се забавуваат топејќи во порцелански сад со вода мали дотогаш исти парченца хартија, кои, штом ќе се стават во неа, се истегаат, се вит каат, се вапсуваат, стануваат различни, се претвораат во цвеќиња, куќи, трајни и препознатливи личности, така сега сите цвеќиња од наша- та градина и тие од паркот на господин Сван и вивонските лотоси, добрите луѓе од селото и нивните мали домови и црквата и целиот Комбре со околината, сето тоа, добивајќи форма и цврстина, излезе, заедно со градот и градините, од мојата шолја чај.

 

8251624650_a82a1a1832_k

 

Извадок од Марсел Пруст – „Во потрага по загубеното време“ (Том 1)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s