Книжевни анегдоти: Џонатан Свифт

jonathan-swift-1Брак неодржан во црква, без најави, сведоци, прстен, дозвола и регистрација, – некогаш бил сосема законит. Се верува дека Џонатан Свифт, патувајќи од Лондон кон Честер, има благословено еден таков брак, рецитирајќи ја следнава римувана венчаница:

 

Под дабов, овде, сред невидена бура,
ги споив јас никаквецов и оваа курва.
И никој освен тој што владее со светов –
не би можел да раздвои нешто така свето.
Under an oak, in stormy weather,
I join’d this rogue and whore together;
And none but he who rules the thunder
Can put this whore and rogue asunder.

 

Advertisements