Џокер е најстрашниот лик било кога напишан

Моја библиотека: Љубиша Сулимановиќ

 

На твитер е фаца. Не само затоа што е духовит и секогаш има јак аватар, туку затоа што пред сè е навистина паметен дечко :). Никот му е @Sulimanovic, аватарот најчесто му е Кристијан Бејл / Бетмен / Патрик Бејтмaн, а плус е огромен фан на Бетмен и Грант Морисон.

@sulimanovic со „Боксерот“

Добар дел од денот му поминува во креативни маки, како дел од ПР тимот на Њу Момент Скопје, а слободното време – во читање и твитање. Љуби книги, но „љубов за озбилно“ му се стриповите и е еден од ретките кои ја познаваат вистинската книжевна вредност на оваа потценувана литература :).

Еве како @Sulimanovic одговори на нашиот книжевен прашалник и кои книги и стрипови го имаат заземено главното место во неговата библиотека (и во неговото срце, секако).

Првата книга што ти оставила некаков печат и која ќе ја памтиш цел живот: која е и како ти дојде в раце?
„Проклета авлија“ од Иво Андриќ. Веројатно првото парче литература коа некако ме натерало да размислувам и, поважно од тоа, да водам муабет за него. Не се сеќавам како ми дојде во раце, но беше добредојдена.

Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?
„Странецот“ од Алберт Ками. Во периодот во кој ја читав сѐ уште не знаев кој сум и каде одам. Индиферентноста на главниот лик ми беше идеално место да се препознаам себе си. За жал или за среќа погрешно 🙂

Има ли книга што си ја препрочитал повеќе од три пати, која и зошто?
Има неколку, сите се стрипови.
„Watchmen“ заради комплексноста на ликовите и повеќеслојната приказна кој открива по нешто ново секој пат. Можеби не е најдобриот стрип на сите времиња по мој вкус, но е дефинитивно највлијателниот.
„Корто Малтезе – Келти“ – за ова немам некое пологично објаснување освен дека ја доживувам атмосферата во која се случуваат неколкуте приказни сместени таму а тоа ретко кој успеал да го направи освен Хуго Прат.
Најсвежо на листава ја додавам „Sandman: Ramadan“ дел од Distant mirrors новелата. Преубаво парче литература за една едноставна мисла „Како да ги зачуваме вечно оние идеални моменти од животот?“ 

Со кој лик од книга се идентификуваш и зошто?
Патрик Бејтман од „Американски психо“. Едно лице за надвор, најдобро што може, без фалинки и со тони лажен морал и едно друго интимно лице, ужасно, садистичко кое го покажуваме ретко или во последно време, благодарение на анонимноста на интернетот, доста почесто.

Кој лик од книга ти бил ноќна мора?
Ако го пишува добар писател и знае да ја погоди сржта на ликот, Џокер е веројатно најстрашниот лик било кога напишан. Човештвото најмногу се плаши од хаос и од таму потребата да верува во сите оние завери дека некој контролира сè, без разлика колку и да е тоа лошо. Џокер е антипод на тоа. Хаос и страв во човечка форма.

Која сцена од книга те оставила без здив?
Роршак и соочувањето со кучињата Фред и Барни. Сцената не е за оние со слаб стомак, но не заради графичкото насилство туку затоа што низ индиректни референци секој читател точно знае што се случило и е згрозен до мачнина. Оние кои го читале Watchmen веројатно знаат.

Која е најскапата книга што си ја купил во животот? И дали спиеше после тоа со книгата под перница, или ја чуваше во витрина, или..? Каде е таа книга денес?
Најскапо нешто што сум си купил се X-Men омнибусите од двата култни автори Крис Клермонт и Џим Ли. Двата заедно чинеа околу 200 долари. Сума која доста ми го оштети буџетот своевремено. Но најскапо парче кое го поседувам е првиот гигант Nathan Never кој одамна не е во печат и достигнува цена од 150 евра па нагоре на стрип берзите. Стрипот ми е дотолку подраг затоа што ми е подарок од еден од најголемите македонски графичари и стрип автори, маестро Ласко Џуровски.

Кој наслов од Арс Либрис го сакаш во твојата библиотека?
Арс Либрис многу позитивно ме изненади со иницијативата за издавање на графички новели на македонски јазик. Потег за почит особено што таа гранка кај нас е маргинализирана. Планирам да ги купам сите три „Боксерот“, „Дон Кихот“ и „Фауст“.

 

 

Фото: Скопје се носи

Advertisements

2 thoughts on “Џокер е најстрашниот лик било кога напишан

  1. Која библиотека бе другар се што читаш е симнато од интернет и ти е пдф.Оваа споредба со стрипови и литература ви е како да читаш секс ќоше во Вест и да се фалиш дека си начитан.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s