Заповедите на Хенри Милер

Иконичниот писател и сликар Хенри Милер ја спроведувал својата секојдневна „пишувачка“ рутина, подетално објаснета во книгата „Хенри Милер за пишувањето“, водејќи се по неговите т.н. „11 заповеди“.

Во 1932-1933, додека работел на она што ќе прерасне во неговиот прв објавен роман – „Раковиот напоредник“, Милер се мотивирал со „единаесетте заповеди за пишувањето“.

photo-miller

  1. Работи само на една работа во моментот, сè додека не ја завршиш.
  2. Не почнувај нови книги, не додавај нов материјал во „Црната пролет“.
  3. Не биди нервозен. Работи мирно, радосно, немарно, без разлика на материјалот.
  4. Работи според Програмата, а не според расположението. Престани со работа во определеното време.
  5. Кога не можеш да креираш, можеш да работиш.
  6. Цементирај по малку секој ден, подобро одошто да поставуваш нови темели.
  7. Не заборавај дека си човек! Гледај се со луѓе, оди на разни места, пиј ако ти се пие.
  8. Не биди коњ за орање! Работи само со задоволство.
  9. Отфрли ја Програмата ако така ти дојде – но врати и’ се следниот ден. Концентрирај се. Конкретизирај. Исклучувај.
  10. Заборави ги книгите што сакаш да ги напишеш. Мисли само на книгата што ја пишуваш.
  11. Пред сè и секогаш – пишувај. Сликањето, музиката, пријателите, киното, сите тие се на второ место.

 

Во „Хенри Милер за пишувањето“ е објаснета и неговата дневна програма, своевидна шема за продуктивност, инспирација и ментално здравје…

ВО УТРАТА:

Ако си гроги, пишувај забелешки и алоцирај, како стимул.

Ако си во добра форма, пишувај.

НА ПОПЛАДНЕ:

Работи на тековната секција, следејќи го планот за тој дел без отстапки. Без прекини, без застранувања. Пишувај за да завршуваш секција по секција, засекогаш.

НАВЕЧЕР:

Види се со пријателите. Читај во кафулиња.

Истражувај непознати делови од градот – пеш ако е влажно, со велосипед ако е суво.

Пишувај, само ако си расположен.

Сликај ако си празен или уморен.

Пишувај забелешки, прави шеми, планови, коригирај…

Забелешка: Дозволи си доволно време додека е дење за повремени посети на музеи, повремен цртеж или возење со велосипед. Цртај во кафулињата и возовите и улиците. Скрати ги филмовите! Бибилиотека – за референци еднаш во неделата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s