Пол Муад Диб ми беше алтер его

Моја библиотека: Бојан Трифуновски

 

Бојан Трифуновски е еден од оние ликови со кои можеш да правиш муабети до сабајле, на многу теми, од театар и филм до квантна физика, но која и да е темата едно е јасно: he knows his books! Не само драми, не само класици, не само она што морал да го пројде на факултет покрај Јелена Лужина (а да се пројде кај Лужина не е шала) :). Театарски режисер по определба, писател на драмски текстови и сценарија во слободно време и постојано вработен во МНТ во делот за односи со јавност, господинот Трифуновски најверојатно би преферирал да плови по бескрајните мориња или да ја истражува пустинската планета Аракис, но и вака едно нешто во никој случај не му недостасува: фантазија!

Бојан ТрифуновскиБојан  беше првиот што го „уловивме“ за нашиот книжевен прашалник. Ни одговори веднаш, од одмор, со многу ентузијазам :). Еве ги неговите книжевни екскурзии и книгите кои оставиле печат во неговата „интимна библиотека“.

Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?
Единствената книга која од својата 14-та година редовно, на две години ја препрочитувам е „Ендеровата игра“ на Орсон Скот Кард. Ја наследив големата колекција на научно-фантастична литература од вујко ми Димитар и „Ендеровата игра“ беше книгата која тој упорно ме тераше да ја прочитам. Вечно сум му благодарен што ме натера, затоа што јас следствено (како и многумина добри пријатели: Горан, Зоран, Еми, Тања) терам/е луѓе да ја прочитаат. Нејзината слоевитост и жанровски колаж откриваат нови работи при секое читање, на секоја возраст.
Во тој период кога ги откривав тајните на литературата, мојот татко Божидар, професор во пензија, ми беше еден вид Пауперум библиотекар, кој на кратко знаеше суштински да ме посочи кон потребата да се прочита некоја одредена книга. Тоа што беше професор и дистрибутер на книги не и’ одмогна на нашата семејна библиотека.
Со негова помош ги совладав цивилизациските романи: од Хомер до Маргарет Јурсенар, преку Достоевски и Милорад Павиќ…накратко. Омилените за мене „Моби Дик“ на Мелвил, „1984“ на Орвел и „Дон Кихот“ на Сервантес се директно под влијание на стариот асимптари (професор).
Но мене повеќе ме влечеше онаа друга СФ-тека, каде недвосмислено се заљубував во „Дина“ на Херберт, речиси сè на Филип К. Дик, Станислав Лем, Исак Асимов, Семјуел Стерџен…и многу други…

Со кој лик од книга се идентификуваш и зошто?
Пол Муад Диб ми беше алтер его во пубертетот, но сега кога навистина можам убаво да ја прочитам „Дина“, сфаќам дека чергата ми била премногу оптегната. 🙂

Има ли книга што си ја препрочитал повеќе од три пати, која и зошто?
Во последно време најмногу пати сум ја „превртил“ „Патот за Марс“ на Ерик Ајдл, која ми ја препорача Декса и е навистина роман/авантура за љубителите на добра и интелигентна комедија.

Кој ти е омилен наслов од Арс Либрис?
Последно што купив од Арс Либрис е „Зошто сакам да скокам“ од Наоки Хагашида, која најпрво си ја земав од Лондон пред да биде преведена и сум фасциниран од оригиналот и од добриот превод…

Што читаш во моментов?
Во моментов на одмор сум со отворени: „Пат околу светот за 80 дена“ на Жил Верн, која ја адаптирав / искасапив за претстава во Театарот за деца и младинци…Отворени ми се и „Никој и Ништо во Париз и Лондон“ на Орвел, „Космологија“ на Барбара Сју Рајден, „Сите нови луѓе“, драма на Зак Браф и „Тесла, Портрет меѓу маските“ на Владимир Пиштал, „Being There“ на Jerzi Kozinski…

 

Фото: Кире Галевски

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s