Рецензија: „БЕЗНАДЕЖНО“

Откривањето на вистината понекогаш може да те направи побезнадежен од верувањето во лагите…

Тоа е она што го сфаќа седумнаесетгодишната Скај откако го запознава Дин Холдер. Типче со репутација која може да ѝ парира на нејзината и способност во неа да предизвика чувства за кои претходно не била ни свесна дека постојат.

Тој истовремено ја вади од памет и ја восхитува, сè тоа во само една средба, а во чувствата кои ги буди во неа има нешто што враќа закопани спомени од минатото – спомени кои е подобро да останат закопани.

Скај дава сè од себе да се држи на растојание затоа што знае дека тој може да ѝ донесе само неволји, но Холдер е упорен и сака да дознае сè за неа. Откако конечно попушта и се предава на неговата тврдоглавост, Скај сфаќа дека Холдер воопшто не е оној кој тврди дека е.

Кога конечно се откриваат тајните кои тој ги крие од неа, тоа е моментот кога од корен се менува и целиот живот на Скај, сè што некогаш знаела и сметала за точно и вистинито.

Книгата на моменти може да ви се види долга и настаните кои повремено се повторуваат може да ве натераат да посакате дејствието да се одвива малку побрзо – барем оние од вас кои се нетрпеливи како мене – но приказната е добра и уникатна. Колин Хувер дефинитивно има интересен стил и секогаш смислува сосема различни стории. Како и Само пријатели, така и оваа книга се води како книга за млади или Young Adult фикција, но јас лично мислам дека може да се чита на секоја возраст и да биде забавна за секого.

Ја препорачувам Хувер како еден од најдобрите автори за тинејџери во изминатата година!

 

 

Автор:   – sakamknigi.mk/
Оригиналната рецензија можете да ја најдете овде.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s