11 животни совети од 11 омилени книги
Некои ги знаеме напамет, некои ги откриваме одново на секое препрочитување, некои ни се комплетно ново откритие и можеби поттик да прочитаме некоја книга што сме ја заобиколиле… Избравме, намерно или бегајќи од округли бројки, 11 суштински, филозофски, значајни, емотивни, па и забавни животни совети од, секако, 11 омилени книги :). Исклучиво за книжевните сладокусци! 🙂
„Ова е мојата тајна. Многу е едноставна: вистината можеш да ја видиш само со срцето; она што е суштинско е невидливо за окото“.
Лисицата (Малиот принц, Антоан де Сент-Егзипери)
„Стравот е убиец на умот“.
Литанија против стравот на Бене Џезерит (Дина, Френк Херберт)
„Напред! Грубо-поткован ако треба, во лесен галоп ако можеш – ама напред! Напред преку сите пречки – до конечна победа!“
Стирфорт (Дејвид Коперфилд, Чарлс Дикенс)
„Но вистина или сон,
важно е да се постапува добро;
ако е вистина, заради тоа;
а ако не е, пријатели да стекнам
кога од сон ќе се разбудам.“
Сигизмунд (Животот е сон, Педро Калдерон де ла Барка)
„Работата е најдобриот противотров за тагата, драг мој Вотсоне“.
Шерлок Холмс („Авантурите во празната куќа“ во Враќањето на Шерлок Холмс, Сер Артур Конан Дојл)
„Оди да си легнеш; уморниот е глупав“.
Куремкармерук (Волшебникот од Земјоморје, Урсула К. Ле Гвин)
„Будалиот мисли дека е умен, но умниот човек знае дека е будала“.
Острило (Како што милувате, Вилијам Шекспир)
„Нештата не излегуваат онака како што требало, но што можеш да направиш? Мораш да го прифатиш животот каков што ти доаѓа и да го искористиш до максимум“.
Пи (Животот на Пи, Јан Мартел)
„Здраво бебиња. Добредојдовте на Земјата. Топло е на лето и студено во зима. Округла е, влажна и пренаселена. Преку сила, бебиња, имате околу сто години овде. Има само едно правило што го знам, бебиња – ‘Да му се невиди, мора да си фин’.“
Господин Роузвотер (Господ да те благослови, Г-дине Роузвотер, Курт Вонегат)
„Никогаш не им се смеј на живи змејови“.
Билбо Багинс (Хобит, Џ.Р.Р. Толкин)
„Без паника!“.
(Автостоперски водич низ галаксијата, Даглас Адамс)