Рецензија: „ПРОЕКТОТ РОУЗИ“

Една од поинтересните книги за оваа година, забавна новела раскажана со необично шармантниот и социјално предизвикан глас на професор по генетика кој има невообичаена задача: да дознае дали е способен за вистинска љубов.

Проектот Роузи

Можеби вистинската љубов навистина може да промени еден маж… Дон Тилман, професор по генетика, никогаш нема отидено на втор состанок. Тој е човек кој може да ги изброи сите свои пријатели на една рака, а неговите вечни проблеми со социјалните ритуали го имаат убедено дека едноставно не е роден за романса. Па кога одеднаш слуша дека би бил „прекрасен“ сопруг, неговата прва реакција е шок.

Но тој сепак верува во статистичката веројатност и тоа дека за секое лонче мора да има капаче, па почнува со својот проект „Сопруга“. Па така, на оној формален, точен, доказно-базиран начин на кој тој им приоѓа на сите работи во животот, Дон почнува со потрагата по својата животна партнерка. Таа треба да биде логичарка, секаде да стигнува на време – дефинитивно не смеe да биде шанкерка, пушач, пијач или „доцнач“. Тој смета дека е доволен само еден прашалник од шеснаесет страници за да се елиминираат сите погрешни кандидатки.

Но, сепак, Роузи Џарман ги има сите овие карактеристики. Таа е совршената „погрешна” кандидатка. Но добро, таа има и добри страни: таа е забавна, непопустлива, интелигентна, а и самата води своја потрага. Таа го бара својот биолошки татко – тоа е потрага со која би можел да ѝ помогне одреден експерт за ДНК. Проектот „Сопруга“ се помешува со проектот „Татко“ и меѓу Дон и Роузи почнува да цвета едно необично пријателство. Дон полека почнува да сфаќа дека љубовта не секогаш е она што изгледа најдобро на хартија.

Не можете да го замислите Дон? Имам соодветна и лесна паралела која веднаш ќе ви го долови; помислете на Шелдон од Big Bang Theory. Човек со Аспергеров синдром, кој држи предавања на темата, но самиот воопшто не е свесен дека го има, човек опседнат со ред и хигиена и точност и наука и тотално несвесен за чувствата на другите луѓе; човек кој едноставно не знае што треба да се каже, а што да се премолчи од учтивост, човек кој не разбира сарказам и иронија.

Од оваа книга не очекувајте некоја љубовна приказна која ќе ве расплаче и фрли на колена. Ова е исклучително забавно четиво кое им го препорачувам на љубителите на Биг Бенг и оние кои знаат нешто повеќе за Аспергер, во спротивно книгата можеби и нема да ви биде толку забавна. Мене лично, бидејќи ја гледам серијата и сум запознаена со овој дел од аутистичкиот спектар од други книги, ми беше страшно комична. Најинтересен ми беше самиот Дон како лик, повеќе бев фокусирана на неговите испади отколку на приказната меѓу него и Роузи. Во секој случај, уникатна книга!

 

 

Автор:   – sakamknigi.mk/
Оригиналната рецензија можете да ја најдете овде.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s