Наскоро два нови наслови – Тери Прачет и Крешимир Мишак

Како што веќе знаете, летото во Арс Либрис е посветено на добри книги и попусти кои траат цело лето :). Но покрај акциите, тука се и два нови наслови кои треба да излезат во продажба до крајот на овој месец. 

Во едицијата „Фантастика“, го претставуваме второто продолжение од серијалот „Дисксвет“ на Тери Прачет – „Чудесна светлина“  – најсмешната и најнеобичната фантастика во оваа или во која било друга галаксија.

 

Додека се движи кон, се чини, неизбежниот судир со злокобната црвена ѕвезда, Дисксветот има само еден можен спасител. За жал, тоа случајно е неспособниот и страшлив волшебник наречен Ринсвинд, кој последен пат е виден како паѓа преку Работ на светот…

 

 

 

Во едицијата „Попули“, го најавуваме бестселерот „Во весниците пишува сè… (а нешто и не)“ на Крешимир Мишак, познат хрватски новинар и идеен творец на исклучително популарното шоу „На работ на науката“ (Na rubu znanosti).

На 10 октомври 1990 година, пред невладината Комисија за човекови права, едно петнасетгодишно девојче од Кувајт сведочи дека ирачките војници ги ваделе новороденчињата од инкубаторите и потоа ги оставале да умрат. Само во текот на следната недела, Џорџ Буш ја повторува приказната барем десет пати; американското јавно мислење за воена интервенција во Кувајт се менува преку ноќ. САД се вмешува во Ирачко-Кувајтскиот судир и почнува Заливската војна.

Во 1992 година се открива дека сведокот е, всушност, ќерка на кувајтскиот амбасадор во САД. Последиците од нејзиното ненавремено разоткривање: САД добива контрола врз кувајтските нафтени полиња, а Американците убиваат на ден повеќе бебиња отколку Ирачаните во текот на целиот судир. И да: Комисијата за човекови права сè уште е битен политички фактор.

Оваа книга се труди навреме да разоткрие и многу поголеми светски заговори од овој. За да се избегнат вакви последици. Повеќето од приказните во неа веќе ги имате прочитано. И мислите дека знаете сè. Сигурни сте?

Крешимир Мишак не мисли така. „Во весниците пишува сè“, вели. „Но потребно е да ги прочитате со вистинските очила.“

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s