Извадок: Ричард Бренсон – „Како ја изгубив невиноста“

Во авионот за инаугурацискиот лет бев опкружен од семејството и со пријателите, со луѓе кои најмногу ми значеа и и’ значеа на компанијата Вирџин последните десет години. Седнав до Џоан, Холи беше кај неа в скут. Зад нас беа речиси сите што ги познавав од групацијата Вирџин. Авионот беше преполн со новинари, фотографи, магионичари, со забавувачи. Тука беше и Ури Гелер, а откако почна да се движи Мејден Војаџер по пистата екранот се вклучи и ги покажуваше пилотите и авиоинженерот како седат во пилотската кабина и маневрираат со контролите. Преку нивните рамења можеше да се види погледот од кабината. Преку звучниците пристигна соопштение:

„Бидејќи ова е нашиот прв лет, помисливме дека би сакале да бидете со нас во пилотската кабина и да видите што навистина се случува кога ќе полетаме“.

На екраните се гледаше како пистата се протега пред нас. Потоа почна забрзувањето. Асфалтот лизгаше под ветробранското стакло, авионот се забрзуваше сe повеќе и линиите веќе беа тешко видливи. Пилотите беа релаксирани, гледаа напред и го управуваат авионот, се погледнуваа одвреме-навреме и се насмевнуваа. Едниот од нив имаше долга коса под пилотската капа, а другиот беше Индиец. Имаше татнежи од пистата, но пилотите воопшто не обрнуваа внимание на тоа.

Сите напнато гледаа напред и го задржуваа здивот. Сигурно мислеа дека е ова некаков самоубиствен лет што го организираше лудакот Бренсон. Тоа беше смртоносен молк. Тогаш авионот почна да се крева, а пистата исчезнуваше од видикот. Индиецот посегна зад увото, извади џоинт и му понуди и на копилотот. Пред сите да бидат сосема сигурни дека е шега, авионот полета, а двајцата пилоти ги извадија капите и се свртеа со лицата накај камерата – тоа беа Ијан Ботам и Вив Ричардс. Авиоинженерот со брада сум јас. „Мора да се добри – да се најде соодветна стјуардеса е тешка работа!“ Сите во авионот букавлно паднаа од смеа. Го снимивме полетувањето во симулатор претходниот ден.

Послуживме седумнаесет пакети шампањ во авионот. Оваа бројка сведочи за забавата која следуваше, а траеше осум часа. Луѓето танцуваа во просторот меѓу седиштата додека одеше хитот на Мадона „Like a Vrgin“, како и хитовите на Фил Колинс и на Калчр клаб. Кратко го прикажувавме и филмот Авион, а екипажот на авионот почна со традицијата на делење смрзнат десерт во средина на филмот.

           Извадок: Ричард Бренсон  – „Како ја изгубив невиноста“ (автобиографија)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s