Десет книги за летните горештини

Без разлика дали летово ќе одите на море, езеро, планина.., или пак ќе се ладите покрај некој базен или во некоја длабока сенка, Ви препорачуваме десет книги кои се апсолутни летни хитови.

 

Идејата ни е да избегаме од она класичното „книга што се чита на плажа“, затоа што не секој го поминува летото на плажа, туку да препорачаме една нова форма – „книга за летни горештини“, а и „книга баш за мене“. Идејата е секој да си ја пронајде идеалната книга за ова лето и да ужива во неа :).

FB cover-2

  1. „Проектот Роузи“ од Грем Симсион е роматична комедија која открива дали вистинската љубов навистина може да промени еден маж… Љубовта не е егзактна наука. Но пробајте да му го кажете тоа на Дон Тилман! Кога овој триесет и девет годишен генетичар ќе се одлучи да ја пронајде својата совршена партнерка, неговиот предизвик се претвора во проектот Сопруга.
  2. „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ на Јонас Јонасон ја раскажува приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на кое ќе го заврши својот век.
  3. „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ на Џонатан Сафран Фоер е инвентивен роман кој зборува за 9-годишниот Оскар Шел кој е на мистериозна и многу итна мисија што го води насекаде низ градот Њујорк. Неговата цел е да ја најде бравата која може да се отвори со клучот што му припаѓал на неговиот татко, кој умира во нападите на кулите близначки на 11 септември.
  4. „Слобода“ од Џонатан Френцен е вистинско ремек-дело на американската фикција, епска, семејна сага во која комично и трагично се доловени искушенијата на слободата: возбудлив тинејџерски копнеж, тешки средовечни компромиси, товар на едно конзервативно семејство и на една империја.
  5. „Безнадежно“ на Колин Хувер е „младешки“, „женски“ роман за лажните вистини и вистинските лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе Ве врати во      времето на Вашата прва љубов.
  6. „Раскажувачката“ на Џоди Пико е роман кој ќе Ве обземе и ќе Ве остави без здив! Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата… Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива… И тогаш започнува исповедта на неговите најмрачни тајни – тој навистина заслужува да умре…
  7. „Господин Пип“ на Лојд Џонс е чудна, оригинална приказна за придружната сила што може да ја придонесе фантазијата кога еднаш ќе се распламти. Кога артилеријата одѕвонува во планините, тринаесетгодишната Матилда и нејзините соученици се воодушевени од авантурите на младиот сирак по име Пип, во градот Лондон, град чии контури стануваат пореални од нивниот уништен пејзаж.
  8. „Роналдо: Опсесија за совршенство“ на Лука Кајоли е одлично продолжение на фудбалското лето! Независно дали од љубов или омраза, од восхит или од интерес – веќе цела деценија, глобалните медиуми го следат секој чекор на Кристијано Роналдо. Па, сепак, деталната истрага на Кајоли ќе Ве убеди дека има толку многу нешта што сè уште не сте ги откриле за него.
  9. „Бојата на магијата“ на Тери Прачет е првиот дел од епската комична фантазија „Дисксвет“, која мора да се најде на топ листата на секој љубител на овој жанр. На светот кој лежи на грбот на една џиновска желка (од непознат пол), започнува веселата, експлозивна, безобразно ексцентрична експедиција. Тука се алчниот, но неспособен волшебник Ринсвинд, наивниот турист чиј Багаж се движи на стотици симпатични мали ноџиња, змејовите кои постојат само ако веруваш во нив, и се разбира Работ на планетата…
  10. Азбуката на мојот живот“ на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ е роман во кој една напуштена жена минува низ најзначајните мигови од својот живот по азбучен редослед додека се обидува да се справи со паниката и неизвесноста предизвикана од исчекувањето на нејзиниот маж да се врати и да си ги собере парталите.

Ова се хит насловите кои ова лето се на нашето (и Ваше) читателско мени, па се надеваме дека ќе ја пронајдете вистинската книга за Вас, која одговара и за местото каде што ќе го поминете летото.

И уште едно изненадување! Дел од белетристиката на Литература.мк до крајот на летото ќе биде достапна со попусти и до 70%, но – во траење од само 24 часа!

letna kampanja1-1

letna kampanja1-6

letna kampanja1-4

letna kampanja1-5

letna kampanja1-2

letna kampanja1-3

Повеќе на Литература.мк.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s