Биографијата за Роналдо на македонски


Од вчера е во продажба биографијата за Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер според ФИФА за минатата година, „Роналдо: Опсесија за совршенство“, во издание на Арс Либрис.

 

Роналдо е роден пред 29 години во мало португалско гратче, во семејство на обична готвачка и општински градинар, а денес важи за едно од најпрепознатливите лица на планетата. Независно дали од љубов или омраза, од восхит или од интерес, веќе цела деценија, глобалните медиуми го следат секој негов чекор.

Па, сепак, деталната истрага на Лука Кајоли ќе ве убеди дека има толку многу нешта што сè уште не сте ги откриле за него. На пример, дали сте знаеле дека Кристијано го добил своето второ име бидејќи татко му бил обожавател на претседателот на САД, Роналд Реган? Или дека на првиот училиштен час во Лисабон му се заканувал со столица на професорот? Или дека имал срцеви проблеми и на 15 години за малку ќе престанел да игра фудбал? Или дека по трансферот од Спортинг на Островот, не сакал да го носи бројот 7? Дека е стрелец на илјадиттиот гол на Манчестер јунајтед во Премиер лигата? А уште не сме почнале…

„Роналдо: Опсесија за совршенство“ е досега најкомплетната биографија за фудбалската супер-ѕвезда. За прв пат објавена пред две години, во ова последно издание, таа е темелно надградена со сите информации заклучно со минатата година, а ги содржи и најбитни новини за тековната, штотуку завршена 2013-2014 сезона.

Книгата е во издание на Арс Либрис, и е достапна во продажните места на МПМ, а можете да ја добиете и како подарок со списанието „Спортбокс“, кое овој пат е посветено на мундијалот во Бразил. На 134 страници „златното издание“ на „Спорт Бокс“ претставува своевиден водич за највредниот планетарен спортски собир.

 

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s