Забавна книга за сите возрасти

„Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ на Јонас Јонасон

 

Приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на кое ќе го заврши својот век, добива свој заплет кога стариот присвојува еден куфер од еден криминалец. Тоа ќе покрене низа случувања и ќе го доведе во врска со многу интересни ликови.

Како се заплеткува оваа случка така се отплеткува животот на Алан Карлсон, кој, како што се покажува, во вистинско време се наоѓал на места на кои се решавала иднината на Европа и на светот: учествувал во војната меѓу Шпанците и Шпанците, вечерал со Труман, ручал со Мао Цетунг, спречил атентат на Черчил… Русите го бркале да им ја открие тајната за атомската бомба, а тој, побегнувајќи од сибирскиот гулаг, преку Северна Кореја стигнал на Бали каде 15 години живеел од американски пари наменети за помош и развој на далекоисточните земји – урнебесна историја на модерниот свет!

Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна беше одлично прифатена. Се најде на списокот на најпродавани книги во Шведска веднаш по излегувањето, а голем успех доживеа и во над 30 земји на чии јазици е преведена досега. Книгата е достапна на следниот линк.

Истоимениот шведски филм беше проектиран за прв пат на 64-тото издание на Берлински филмски фестивал во февруари 2014 година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.