Најново од Арс Либрис: „Раскажувачката“ од Џоди Пико
Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран наставник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ.
Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива…
И тогаш започнува исповедта на неговите најмрачни тајни – тој навистина заслужува да умре…
Што да се прави кога злото е во соседството? Треба ли да се понуди прошка? И најтешкотопрашање: се работи ли за убиство или за правда?
Книгата може да ја купите на веб-страната на Literatura.mk на следниов линк.
„Прекрасно исткаена приказна… хуморот и ликовите ве опседнуваат, предизвикувајќи ве да продолжите со читање“
– MY WEEKLY„Новата книга на Џоди Пико ќе ве натера долго да размислувате за приказната… Емоционален и навистина неодолив роман“
– SUN„Најнепредвидливата од книгите што сами се читаат. Ќе ве обземе од почеток до крај“
– EASY LEAVING