„Проектот Роузи“ од Грем Симсион
Запознајте го Дон Тилман, брилијантен професор по генетика, но асоцијален човек, кој одлучил дека е време да си најде сопруга. Така, на уреден начин базиран на докази, на кој што Дон пристапува кон сите нешта, тој го дизајнира „Проектот-Сопруга“ за да ја пронајде совршената партнерка. Проектот претставува научно-валидна анкета, која содржи шеснаесет страници, преку кои се филтрираат алкохоличарите, пушачите, оние кои доцнат и многу други карактеристики кои не треба да ги поседува неговата идеална жена.
Роузи Џерман се карактеризира со сите набројани особини. Таа исто така е чудно привлечна, огнена и интелигентна. И додека Дон брзо ја дисквалификува како кандидат за „Проектот-Сопруга“, како ДНК експерт тој и нуди помош на Роузи во сопствената потрага: идентификување на нејзиниот биолошки татко. За време на нивната соработка на „Проектот-Татко“, се развива несвојствен и неочекуван однос, а Дон е принуден да се соочи со спонтаниот виор – Роузи, и сознанието дека и покрај најдобрите научни напори, љубовта не се бара, таа те пронаоѓа тебе.
Книгата е најдобар бестселер во Австралија за 2013 година и е преведена на речиси 30 јазици. Исто така, „Проектот Роузи“ наскоро ќе има и филмска адаптација во продукција на Sony Pictures.
Книгата може да ја купите на следниов линк.
Моментално е достапна и на Саем на Книга во Скопје Сити Мол (II кат) од 15-ти до 20-ти мај, на штандот на Арс Либрис, секој ден од 10-22 часот навечер.
“Humans often fail to see what is close to them and obvious to others.”
― Graeme Simsion, The Rosie Project