Во еден роман што е едновремено напрегнат, прекрасен и бајколик, Лојд Џоунс пронижува една трансцедентна приказна што ја слави отпорноста на човековиот дух и моќта на приказните да ги променат нашите животи.
На тропски остров разрушен од војната и богат со бакар, од кого учителите – како и безмалку сите други – имаат пребегано, само еден белец одбира да остане зад другите: ескцентричниот г-н Вотс, предмет на многу љубопитност и презир, го расчистува разрушеното училиште и еден ден почнува да им чита на учениците од Големите очекувања на Чарлс Дикенс.
Така почнува оваа ретка, оригинална приказна за потпорната сила што фантазијата, штом еднаш разбудена, би можела да ја овозможи. Додека артилеријата трешти низ планините, тринаесетгодишната Матилда и нејзините другари се понесени од авантурите на малото сираче по име Пип во град наречен Лондон, град чии контури набрзо стануваат многу пореални од нивниот блед пејзаж. Како што вели г-н Вотс: „Личност што е понесена од книга едноставно заборава да дише.“ Набрзо доаѓаат и останатите соселани, на почетокот загрозени, но на крајот инспирирани да ги споделат своите приказни за да вдахнат живот на митолошкиот свет од нивните мината. Но во еден пропаднат свет кајшто дури и децата се осудени да живеат со итрина, а преживувањето ден за ден е единствена цел, фантазијата би можела да биде и малку опасна.
Инаку, книгата има и филмска адаптација, во режија на Ендру Адамсон, режисерот на првите два филма за Шрек и серијалот “Хрониките за Нарнија”. Во филмот „Господин Пип“ на Адамсон, главната улога ја игра Хју Лори (Др. Хаус).
Книгата може да ја купите на веб-страната на Literatura.mk на следниов линк.
Моментално е достапна и на Саем на Книга во Скопје Сити Мол (II кат) од 15-ти до 20-ти мај, на штандот на Арс Либрис, секој ден од 10-22 часот навечер.
You cannot pretend to read a book. Your eyes will give you away. So will your breathing. A person entranced by a book simply forgets to breathe. The house can catch alight and a reader deep in a book will not look up until the wallpaper is in flames.”
― Lloyd Jones