Саемот на Книга во Скопје Сити Мол (II кат) започнува на 15-ти мај и ќе трае до 20-ти мај, секој ден од 10-22 часот!
Посетете го штандот на Арс Либрис, купете книги со саемски попусти и очекувајте многу изненадувања и акции!
Преку 100 нови наслови. „Алекс Фергусон:Мојата автобиографија“, „Џулијан Асанж: Неавторизирана автобиографија“, бестеселерите „Сјаење“- хорор-романот на Стивен Кинг, „Проектот Роузи“, „Безнадежно“, „Господин Пип“, новите жанрови – графичките романи „Боксерот“, „Фауст“ и „Дон Кихот“, како и романот „Бојата на магијата“ на еден од најпознатите британски автори во жанрот фантазија – Тери Прачет и уште многу други…
***
Следете нѐ на социјалните мрежи на Фејсбук, Твитер и Инстаграм за да бидете во тек со настаните кои ги организира Арс Либрис