Промоција на графички романи

Арс Либрис денеска ги промовираше насловите „Боксерот“, „Дон Кихот“ и „Фауст“

 

Graficki_web

Денеска на штандот на Арс Либрис се одржа промоција на нов жанр – графички романи, преку три наслови: „Боксерот“, „Дон Кихот“ и „Фауст“.

 

На настанот дадоа збор Дарко Фиданоски – еден од основачите на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации и Ласко Џуровски – илустратор, стрип артист, графички дизајнер, еден од најистакнатите типографи во Македонија.

„Одамна на нашиве простори немало вакво издание“, рече Фиданоски. „Графичкиот роман е различна форма од стрипот. Иако и двете се пренесени преку илустрации и зборови, графичкиот роман ја пренесува целата приказна во една книга и е со посложена содржина“, објасни Фиданоски.

 

„Пријатно сум изненаден што можеме во Македонија да проследиме и да уживаме во читањето и гледањето на овие изданија. Оваа форма дава поголеми можности за разлика од стрипот, комбинацијата на приказната и илутрациите се на повисоко ниво. За да ја доживеете соодветно приказната, формата, типографијата и графички изглед се направени на модерен начин“, изјави Ласко Џуровски.

 

БОКСЕРОТ од Рајнхард Клајст возбудлив и комплексен графички роман кој ја следи вистинската приказна за Херцко (Хари) Хафт, низ вознемирувачките искуства и траумите во концентрационите логори, неговото драматично бегство и новиот почеток во САД, каде што како професионален боксер настапил и против легендарниот Роки Марчано.

 

ФАУСТ: Што прави Фауст денеска? Каде се наоѓа и со какви компромиси се соочува? Современиот ФАУСТ на Фликс е само една временска станица на оваа безвременска фигура.

 

ДОН КИХОТ: Приказна за незаборавните авантури на Витезот со Тажен Лик, Дон Кихот од Мириц. Современиот витез кој вози велосипед во придружба на новите пријатели е на мисија против старите непријатели.

 

Фликс (1976), живее и работи во Берлин. Неговите стрипови се преведени на повеќе јазици и се повеќекратно наградувани. ФАУСТ и ДОН КИХОТ се графички романи што ги прераскажуваат добро познатите литературни дела во нови современи контексти.

 

Денес сите три изданија се на 30% попуст, а со секој купен графички роман, се добива постер за истиот.

Арс Либрис ќе продолжи и во иднина да им ја носи оваа форма на книга на читателите, бидејќи заинтересираноста кај публиката се зголеми со промоцијата на овие три графички романи.

image

image_1cropedimage_5image_6

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s