Арс Либрис на Саемот на книгата 2014

100 нови наслови и 300 книги подарок

Од 8 април започнува Саемот на книгата. Арс Либрис ќе промовира 100 нови наслови и ќе подели 300 книги како подарок за посетителите.

 

newsletter

Новите наслови од едицијата „Бестселери“ ќе вклучуваат не само нови дела и нови автори, туку и сосема нови жанрови кои досега не биле достапни на македонски јазик. Меѓу најинтересните автори и наслови ги издвојуваме легендарниот Стивен Кинг (Сјаење“, „Зелената Милја – роман во шест дела), Јонас Јонасон со „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“, Грем Симсион и интернационалниот книжевен феномен „Проектот Роузи“Џоди Пико и „Раскажувачката“, „Безнадежно“ на Колин ХуверЛојд Џонс со „Господин Пип“ и уште низа други интернационални бестселери…

Од новите жанрови – „Бојата на магијата“, првиот дел од легендарниот и ултрасмешен серијал „Дисксвет“ на најпродаваниот жив британски автор, како и еден од најплодните автори на денешницата, Тери Прачет.

Тука се и трите нови графички романи: „Боксерот“ (минатогодишниот добитник на низа награди за роман за млади), „Фауст“ и „Дон Кихот“. Рајнхард Клајст преку графичката новела „Боксерот“ раскажува за неверојатната, вистинита приказна за животот на еврејскиот боксер Хари Хафт, кој ќе биде протеран во концентрациониот логор Аушвиц. Фликс, пак, преку своите графички романи, прави адаптација на современите Дон Кихот и Фауст.

Од едицијата „Биографии“ ги издвојуваме: автобиографијата на еден од најголемите фудбалски тренери и менаџери на сите времиња – Алекс Фергусон, потоа неавторизираната автобиографија на Џулијан Асанж, автобиографиите на Ричард Бренсон, претприемачот за империјата Вирџин, потоа Кармен бин Ладин која зборува за нејзиниот живот во семејството Бин Ладен, приказната на двајцата најпознати тркачи на формула во 1970-тите години – Џејмс Хант и Ники Лауда, споени повторно во биографијата „Плејбојот и стаорецот: Приказната за Џејмс Хант и Ники Лауда“, според која е снимен и филмот „The Rush“.

Оваа година започнавме и со издавање на наслови како дел од едицијата „Лауреати“, во која издаваме дела добитници на Пулицерова награда, а понатаму и дела со други високи книжевни награди. Првите две дела од оваа едиција ги вклучуваат „Синот на управителот на сиропиталиштето“ од Адам Џонсон, добитник на Пулицерова награда за фикција, 2013 година, и „Марч“ од Џералдин Брукс, добитник на Пулицерова награда за фикција, 2006 година.

И едицијата „Современици“ ја збогатуваме со неколку нови наслови, од кои ги издвојуваме: „Прирачник за самоуништување“ од Еџе Ердогуш и „Се случи на први септември“ од Павел Ранков. Во едицијата „Романси“, ја претставивме „Азбуката на мојот живот“ од Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, српска писателка и сликарка, која патем подготвува и монодрама во Македонија, чија премиера е веќе закажана за следниот месец.

По успехот со „Сервирај за победа“ на Новак Ѓоковиќ, во која е претставен 14-дневниот план за безглутенска исхрана, ја продолжуваме едицијата „Здравје и живот“ со бестселерите: „Антиканцер, нов начин на живот“ од д-р Давид Серван Шрајбер, „Тишина“ на Сузан Кејн, како и неколку други наслови. Дополнително, на посетителите на Саемот ќе им ги понудиме и најновите изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Белетристичките наслови на посетителите на саемот ќе бидат понудени со попусти и до 70%.

Од областа на стручната литература, Арс Ламина ќе понуди преку 200 нови наслови. Фокусот ќе биде ставен на промоција на новото, 40-то издание на „Нојферт архитектонско проектирање“, кое ќе биде достапно во претпродажба за време на саемските денови. Овој прирачник претставува суштинска референца за проектирање и планирање на изградбата на кој било објект.

Целата стручна литература во издание на Арс Ламина ќе биде достапна со 30% попуст за време на саемот, а за купени над 3 книги одеднаш попустот ќе биде 50%.

Дополнително, во соработка со Скопски Саем, Арс Либрис ќе подари 300 книги за посетителите на Саемот на книгата. Имено, посетителите со секоја купена влезница за Саемот на книгата ќе имаат можност да добијат книга подарок во издание на Арс Либрис. Секој ден во 18.00 часот на нашиот штанд ќе доделуваме по 50 книги.

Инаку, од саемот во 2013 до сега, Арс Ламина заедно со импринтот Арс Либрис, издадоа преку 300 нови наслови.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s