101 мисла за жената за читателите на Теа Модерна

Бидејќи жените се создадени да бидат сакани….

 

По повод меѓународниот празник на жената, ТЕА Модерна, заедно со издавачката куќа Арс Ламина, подготвија подарок за своите читатели.
Имено, во новиот број на ТЕА Модерна, кој ќе излезе во среда, на 5 март 2014 година, читателите ќе можат со доплата од 99 денари да го добијат ова издание од едицијата „101 мисла“, а за доплата од 369 денари – комплет на четирите изданија: „101 мисла за жената“, „101 мисла за љубовта“, „101 мисла за виното“ и „101 мисла за успехот“.

 

Изданијата од едицијата „101 мисла“ содржат избор од по 101 инспиративна мисла за жената и за убавината, за љубовта и виното, за успехот и животот, од светски поети, новелисти, композитори, сликари, мислители, спортисти, јавни личности… Во тврд повез, илустрирани страни и место за лична посвета и забелешки, овие изданија претставуваат одличен подарок, за кој било повод.

 

Во продолжение издвојуваме неколку цитати за жената, извадок од изданието „101 мисла за жената“.
Жените се создадени да бидат сакани, а не разбрани.
Оскар Вајлд
Жената е срцето на човештвото… неговата нежност, украс и утеха.
Самуел Смајлс
Жените не сакаат да слушнат што мислиш. Жените сакаат да го слушнат тоа што го мислат – со подлабок глас.
Бил Козби
Кога Бог прави убава жена, ѓаволот почнува нов список.
Емброуз Бирс, „Епиграмите на еден циник“
Кога жените би го воделе светот, не би имало војни, само жестоки преговори на секои 28 дена.
Робин Вилијамс
Љубов, поетот рекол, е целосното постоење на жената.
Вирџинија Вулф, „Орландо“
Мажите го откриле оганот, но жените откриле како да си играат со него.
Кендис Бушнел, „Сексот и градот“
Тој што посакува цел живот да има среќа со убава жена, сака да ужива во вкусот на виното со тоа што постојано ќе го пие.
Џорџ Бернард Шо
Целиот живот на жената е историја на емоции.
Вашингтон Ирвинг
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s