Ричард Бренсон со свои зборови за својот живот и за личната филозофија на живеење

Излезе од печат македонското издание на автобиографијата на Ричард Бренсон – вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин“.

Кога Brensonстанува збор за бизнисот, но и за другите нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила.

Тоа е таа филозофија заради која на шеснаесетгодишна возраст се откажал од школувањето, за да го основа револуционерниот магазин „Студент“ (кога му било речено дека од него се очекува да стане или криминалец или милионер), да ја именува музичката компанија „Вирџин“ (со значење девица, како одраз на неговото неискуство во бизнисот), и да ги победи гигантите како „Бритиш ервејс“ и „Кока-кола“, и тоа со нивен чекан по глава. Низ истите години успева да ги издаде некои од најважните албуми во музичката историја, како оние од Секс пистолс, Џенет Џексон и Ролинг стоунс, да урне многу светски рекорди со своите луди авантури и да изгради деловна империја вредна милијарди долари. Ова е неговата приказна, која ја раскажува со свои зборови и е како и сè останато во врска со Бренсон – забава.

Автобиографијата на Ричард Бренсон е многу повеќе отколку само збир од записи и мемоари – таа е приказ на неговиот живот и на начинот на работа, кои се сè само не обични. Но, уште поважно, таа е и ултимативен деловен водич што ги открива неговата уникатна филозофија на тргување, извонредниот успех и неговиот живот.

„Ве фаќа уште од првата страница и не ве остава до самиот крај… прочитајте што го мотивира овој брилијантен и вреден човек”
– СПЕКТАТОР

„Искрен и хумористичен”
– ТАЈМС

„Неверојатен човек, а ова е неверојатна автобиографија… Одлично дело за читање – секс, балони, интрига и пари”
– САНДЕЈ БИЗНИС

„Бренсон си ја разголува душата – и сè останато – во еден небелетристички блокбастер… Задолжителна литература за читање”
– БИЗНИС ЕЈЏ

„Бренсон изгледа настроен да се осигури дека сите, ама баш сите, се забавуваат исто колку што и тој се забавува”
– ТАЈМ

Нарачајте тука!

 

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s