Литература и кариера: Арс Ламина на Денови на кариера 2014

Денеска, на Техничкиот кампус и на Економскиот факултет, Арс Ламина одржа презентација пред учесниците на Деновите на кариера, во организација на студентската организација АИЕСЕК. Презентацијата на тема „Литература и кариера: Дали учењето завршува со вашето прво вработување?“ ја одржа г-ѓа Бранка Бугариска, раководител на издаваштвото во Арс Ламина. Таа зборуваше за начините како стручната литература помага во развојот на кариерата, во најразлични области.

1609656_10152314249203623_628558948_n

Во рамки на презентацијата беа претставени и резултатите од истражувањето на корисниците на Арс Ламина и Литература.мк. Испитаниците на анкетата споредлија повеќе примери како читањето и учењето им помага во професионалниот развој и во напредокот на нивните кариери. Покрај учењето на нови вештини, што е од особено значење во денешно време, кога сите професионални области се развиваат со брзина на светлината, стручната литература исто така им помага и во разни истражувања или решавања на одредени проблеми, прашања и предизвици во секојдневниот професионален живот, а добар дел од испитаниците читаат едноставно заради задоволување напрофесионалната љубопитност.

“Ако мислевте дека со вработувањето конечно ќе можете конечно да заборавите на учење, книги и испити – сте се излажале. Учењето допрва доаѓа. И нема да заврши наскоро“, истакна Бугариска.

Анкетата покажа дека повеќе од половината од нашите корисници читаат стручна литература речиси секојдневно. Бугариска се повика на уште едно истражување, во кое е направена споредба на секојдневните навики на богатите и на сиромашните, според кое 88% од богатите луѓе читаат литература која е поврзана со нивното образование или кариера, најмалку 30 минути дневно. Истово го прават само 2% од сиромашните. Дополнително, 63% од богатите слушаат аудио-книги секој пат кога можат, наспроти само 5% од сиромашните. Или како што вели Сет Годин: „Не случајно успешните луѓе читаат повеќе книги.“

 

1507999_575003215909075_1894946895_n 1601423_10152304257118623_2013256186_n 1911862_584818658260864_119153079_n

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s