Арс Либрис со најновата книга „Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови“, по повод 10-годишнината од основањето од најголемата и највлијателната социјална мрежа – Фејсбук.
Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта Харвард за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња, што самиот го заработил своето богатство.

Покривајќи сè, од почетокот на неговите рани денови на Харвард, па сè до станувањето на јавна компанија, па и понатаму, Момчето милијардер е една детална колекција од Закерберговите мисли, изјави и предвидувања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот Фејсбук. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на Фејсбук, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.
Книгата ќе биде достапна од 17 февруари 2014 година по цена од 330 денари, а за нарачки и уплати до 15 февруари цената е 165 денари.
Резервации преку www.literatura.mk или sales@arslamina.com.
Среќен роденден, Фејсбук!