„Сервирај за победа“ излезе од печат

Денеска, во тенискиот клуб АБЦ беше промовирана книгата „Сервирај за победа“ на Новак Ѓоковиќ, број 1 на АТП-листата, во која тој го претставува својот четиринаесетдневен план за безглутенска исхрана за врвни физички постигнувања и за ментална сила.
Во 2011 година Новак Ѓоковиќ ја оствари најдобрата натпреварувачка сезона во историјата на тенисот: освои десет турнири, од кои три титули Гренд слем и оствари низа од 43 победи без пораз. А, само две години пред тоа, овој шампион, зачудувачки, едвај можеше да заврши турнир. Како играчот кого дотогаш го мачеа болки, тешкотии со дишењето и повреди на теренот, одеднаш стана тенисер број 1 во светот? Одговорот е неверојатен – го смени начинот на исхрана.

 

Во книгата Сервирај за победа Ѓоковиќ раскажува како растел во Србија, земја разурната од војна, како се пробил меѓу најдобрите играчи во овој спорт. Потоа ни го открива начинот на исхрана што во целост го преобразил и го кренал на самиот врв. Ѓоковиќ направил план како само за 14 дена да ги трансформирате и телото и животот – со неделниот план за исхрана, совети и рецепти лесно ќе се ослободите од вишокот килограми и ќе го подобрите здравјето.

 

“Не мора да бидете спортска суперѕвезда за да живеете и да се чувствувате подобро. Со Сервирај за победа ве делат само две недели од вашето ново, поподготвено, посилно, поздраво јас“, вели Ѓоковиќ.

 

Преводот на македонски јазик на книгата „Сервирај за победа“ е во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации, во соработка со МПМ (Спортбокс) и ЕВН.

 
 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s