Ден на преведувачите

Денеска е 30 септември, Меѓународен ден на преведувачите и празник на Св. Јероним, заштитник на преведувачите, но и на архиварите, проучувачите на Библијата, библиотекарите, учениците, студентите и археолозите. Преведувачите го ценат за придонесот кон преводот на Библијата, теоријата и праксата на преводот. Познат е по преводот на Библијата од хебрејски на латински, а неговиот превод е познат под името Вулгата. Неговата работа во областа на преводот ги постави темелите за сите преведувачи по него.

ThankYou

30 септември е официјално прогласен за Ден на преведувачите (или Ден на преводот) од страна на Меѓународната федерација на преведувачи (Fédération Internationale des Traducteurs – FIT), и се прославува веќе точно 60 години, уште од 1953 година.

На светот има речиси 7.000 јазици. Без преведувачите и нивната работа, комуникацијата меѓу овие јазици не би била можна. Без нив ние не би можеле да знаеме ништо за другите култури, не ми можеле да споделиме знаење, да развиваме трговски, културни и политички врски, да разговараме меѓу себе…

Затоа, драги преведувачи, ви благодариме за сè што правите!

Нека ни е среќен Денот на преведувачите!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s